Брзи и вкусни посни појадоци можат да ви го олеснат утрото и да ви дадат енергија, а нивното приготвување не трае повеќе од десетина минути.
Многумина мислат дека посниот појадок значи досадна и еднолична исхрана, но тоа далеку не е вистина. Со малку креативност, лесно можете да приготвите разновидни и хранливи оброци кои се целосно без месо и млечни производи, а сепак вкусни и заситни.
Еве пет едноставни посни рецепти кои се брзи за приготвување и идеални за сите кои сакаат здрав почеток на денот:
1. Тост со домат и маслиново масло
Состојки:
-
2 парчиња интегрален леб
-
1 голем зрел домат
-
1 лажица маслиново масло
-
Сол и бибер по вкус
-
Свеж босилок (по желба)
Приготвување:
Тостирајте го интегралниот леб додека стане крцкав. Доматот исечете го на тенки парчиња и наредете ги врз тостот. Посолете, побиберете, прелијте со маслиново масло и додајте босилок по желба.
2. Овесни снегулки
Состојки:
-
3 лажици овесни снегулки
-
150 мл растително млеко (соја, бадем, овесно)
-
1 лажица сечкани ореви или семки
-
½ чаша сечкано овошје (јаболко, банана, шумско овошје)
-
½ лажичка цимет (по желба)
Приготвување:
Во чаша измешајте овесните снегулки со растителното млеко. Додајте цимет и овошје, а врз тоа посипете ореви или семки. Може веднаш да се јаде или да се остави неколку минути да се впие течноста.
3. Интегрален леб со кикирики путер
Состојки:
-
2 парчиња интегрален леб
-
1-2 лажици кикирики путер (без додаден шеќер)
-
½ банана или 1 мало јаболко (по желба)
Приготвување:
Намачкајте го кикирики-путерот на тостираниот или свежиот интегрален леб. Додајте парчиња банана или јаболко врз путерот. По желба, посипете малку цимет или ленено семе.
4. Проја со зеленчук
Состојки:
-
200 г пченкарно брашно
-
50 г интегрално брашно
-
1 лажичка прашок за печиво
-
250 мл вода или растително млеко
-
2 лажици маслиново масло
-
1 помало тиквиче или морков, рендано
-
Сол по вкус
Приготвување:
Измешајте ги двете брашна со прашокот за печиво. Додајте вода/млеко, маслиново масло и рендан зеленчук. Истурете ја смесата во намастен плех и печете на 200°C околу 20 минути додека зарумени.
5. Посен кајмак од индиски ореви со домашен леб
Состојки:
-
100 г индиски ореви (натопени 4-6 часа)
-
50 мл вода
-
1 лажица маслиново масло
-
Малку лимонов сок
-
2-3 парчиња домашен леб
Приготвување:
Натопените индиски ореви измешајте ги во блендер со вода, маслиново масло и лимонов сок додека добиете кремаста паста. Намачкајте ја на парчињата домашен леб. По желба, посипете сечкано зачински билки или семки.
ФОТО: Food Photographer | Jennifer Pallia / Unsplash