5 намирници што ги прочистуваат крвните садови од холестерол: Доволно е да ги јадете повремено

Проверено!

Сите знаеме дека стресот и брзата храна создаваат холестерол, но малкумина знаат која храна ги прочистува крвните садови

Сите знаеме како холестеролот може да му наштети на нашето тело, но малкумина се свесни дека телото може брзо да се регенерира. Доволно е само да внимавате на начинот на живот, а особено на исхраната.

Тајната е во две работи: вежбање и промена на исхрана. Постојат дури пет намирници што успешно ги прочистуваат крвните садови.

1. Морски алги

Полни се со минерали, протеини, каротеноиди и антиоксиданси. Тоа е се’ што му треба на нашиот организам за да ја одржи добрата функција на целото тело. Алгите помагаат во снижувањето на крвниот притисок и прочистувањето на крвните садови.

2. Сина риба: туна или лосос

Маснотиите од сината риба содржат аминокиселини со неверојатно корисни својства. Станува збор, секако, за омега 3 масни киселини, кои помагаат за балансирање на нивоата на холестерол и триглицериди во крвта.

3. Овесна каша

Овесната каша за појадок ќе ви ја даде потребната енергија за да издржите до ручек. Таа ќе ви го забрза и нормализира метаболизмот, а покрај тоа, содржи влакна што ја намалуваат способноста на холестеролот да се прилепи за ѕидовите на артериите.

4. Соја

Изофлавоните, што се дел од нејзиниот нутритивен состав, значително го намалуваат холестеролот во крвта и триглицеридите.

5. Домати

Ако сакате здраво срце, јадете домати кога им е сезона. Ова овошје е богати со ликопен, кој е силен антиоксиданс. Најдоброто нешто околу доматот е неговата сестраност: може да го јадете како салата, во супа или чорба, но и потпечен во рерна со пиперка и модар патлиџан.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.