5 грицки што живот значат: Го штитат срцето, го намалуваат холестеролот и ризикот од дијабетес!

Го чуваат здравјето!

Јаткастите плодови нудат големи здравствени придобивки, а ќе ви помогнат и подолго да живеете

Јаткастите плодови се многу здрави намирници, бидејќи се преполни со здрави маснотии, протеини, влакна, витамини, особено витамин Е.

Луѓето кои јадат по една шака од ова јаткасто овошје дневно имаат 20% помали шанси да починат од срцеви заболувања и од рак. Освен тоа, со нив може и да ослабите, а добри се и за меморијата.

Бадеми

Богати се со витамини и хранливи материи. Го намалуваат нивото на холестерол, го штитат срцето и вените.

Сепак, многу нутриционисти истакнуваат дека ова е идеален додаток на нискокалоричните диети, особено кај луѓето кои имаат проблеми со притисокот и вишокот килограми.

Помагаат и околу проблемите со желудочната киселина, ги намалуваат воспаленијата кај луѓето со дијабетес тип 2 и го поттикнуваат развојот на корисни бактерии, како што се bifidobacteria и lactobacillus.

Ф’стаци

Полни се со витамин Б, кој е од големо значење за производство на хемоглобин. Ф’стаците содржат многу влакна и покалорични се (156 калории во 28 грама), но исто така го доведуваат холестеролот во нормала.

Секојдневното консумирање може да помогне во зголемувањето на добриот HDL холестерол, кој е важен за здравјето на срцето.

Освен тоа, намалуваат низа ризици поврзани со болести на срцето, прекумерната тежина и шеќерот во крвта. Многумина препорачуваат да јадете мала количина на ф’стаци по секој оброк.

Пуканки

Овие грицки на многумина им се омилени, затоа што се многу вкусни. Ако ги приготвите на правилен начин, бидете сигурни дека станува збор за едни од најздравите нискокалорични грицки (30 грама содржат само 122 калории).

Меѓутоа, штом ги ставите на масло или путер, влегуваат во групата на нездрава храна, но ако сами ги приготвувате, тоа нема да биде така, особено ако користите апарат за пуканки на врел воздух.

Индиски ореви

Имаат специфичен вкус, а полни се со витамин Ц. Го подобруваат расположението и влијаат на подобрувањето на сонот. Го јакнат имунитетот и ја регулираат тежината.

Индиските ореви се одлични за ублажување на симптомите на метаболички синдром, но дури и да го немате овој проблем, ќе ви помогнат да ја одржите таквата состојба.

Кикирики

Ова се веројатно најпопуларните грицки на листата, а богати се со витамини и минерали. Ги имаат сите квалитети од гореспоменатите намирници, а поради нивната распространетост, почесто се предмет на истражување.

Го намалуваат ризикот  од срцеви заболувања, а жените кои консумираат путер од кикирики повеќе од пет пати неделно, си го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.