5 добри причини зошто да јадете лубеница

Сезоната на лубеници пристигна, па да повториме зошто оваа вкусна „кралица на летото“ треба да се најде на вашето мени.

Го чисти организмот

Богата е со електролити и вода, има многу малку калории (30 калории на 100 грама) затоа е одлична за диета. Совршено го чисти организмот и исфрла токсини. Богата е со фитонутриенти и антиоксиданти кои го зачувуваат здравјето.

Витамин А

Таа е одличен извор на витамин А (100 гр свежа лубеница има 569 мг или 19 проценти од дневните потреби на овој витамин). Витаминот А е важен за одржување на здрава кожа, мукоза на белите дробови и усна шуплина.

Богата со антиоксиданси

Лубеницата е богата и со антиоксиданти како ликопен, бета-каротен, лутеин, зеаксантин и криптоксантин, кои се поефикасни во спречување на рак на дојка, простата, дебело црево, бели дробови и панкреас.

Извор на калиум

Таа е одличен извор на калиум, неопходен за рамнотежа на електролитите, неопходни за нормален ритам на срцето и притисок. Калиумот е важен за спречување на срцеви и мозочни удари.

Ништо без витамин Ц

Содржи големи количини на витамин Б6 (пиридоксин), тиамин (витамин Б1), витамин Ц и манган. Витаминот Ц го зајакнува имунитетот, а манганот како микроелемент е одговорен за здравјето на кожата и коските.

Прочитајте и: Комбинации на храна што се опасни за организмот: Овие намирници никогаш немојте да ги јадете заедно

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.