4 вкусни и достапни пијалаци за посилен имунитет

Здравствената заштита некако доаѓа со возраста, станува императив во нашите животи и размислуваме сè повеќе и повеќе за тоа што внесуваме во нашето тело.

Она што го јадеме и пиеме, секако влијае на нашиот имунитет, на здравјето на нашата кожа и на целиот организам, па доколку чувствувате недостаток на енергија, сте болни или уморни, можеби е време да го промените вашиот животен стил. Промената не треба да биде драстична, но воведување здрава храна и пијалаци во вашата исхрана и минимизирање на рафинирани шеќери, масна и пржена храна може да вроди со плод на краток рок. Наједноставниот начин е да внесете здрав, хидрантен пијалак што ќе придонесе за целокупното здравје и имунолошкиот развој во вашата дневна рутина. Ако не можете да пиете доволно вода и барате добра замена за тоа, прочитајте кои се вашите други здрави опции.

Вода со цитрус

Додавањето неколку капки лимон, портокал или грејпфрут во вода е лесен начин за хидрирање на организмот и вклучување на витамин Ц, антиоксиданти и цинк во дневната доза на внесување вода. За да избегнете потенцијални грчеви, подобро е да ја замените ладната вода со млака.

Билни чаеви и тоници

Одлични се за имунитетниот систем и во зависност од сезоната, локацијата и достапноста на растенијата, некои од оние од кои сакаме да правиме чаеви се ехинацеа, ѓумбир, мајчина душица, јаболковина, астрагалус, лист од маслинка, пеперминт, кедрон, борова игла и куркума.

Зелено смути

Смути со зеленчук е одличен начин да му дадете на вашето тело витамински поттик. Сè што треба да направите е да изберете некои од рецептите, комбинација на зеленчук и овошје што ви се допаѓаат, да додадете малку вода и тоа е тоа.

Кокосова вода

Во последно време сè повеќе е достапна за купување кај нас поради освежителниот вкус и високото ниво на калиум, па не е ни чудно што овој пијалак стана еден од омилените кога станува збор за здравјето на нашето тело.

Прочитајте и: Чајот од оваа блика е чисто злато: Го регулира нивото на шеќер во крвта, го зајакнува имунитетот, изобилува со витамини!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.