4 ефикасни начини да ја победите зависноста од слатко: Со сигурност ќе ви помогнат!

Намалете ја количината на шеќер

Дознајте како можете да ја намалите потребата за благо

Бројни истражувања покажале како намаленото внесување шеќер придонесува за голем број здравствени придобивки.

Таканаречените „празни калории“ во шеќерот доведуваат до вишок килограми и дебелеење, што го зголемува ризикот од хронични болести, вклучувајќи хипертензија, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес.

Шеќерот може да влијае и врз изгледот, односно да направи да изгледате постари и да ви ги зголеми брчките, бидејќи ја намалува можноста за обновување на кожата.

Овие 4 совети ќе можат да ви помогнат да ја намалите потребата за благо…

Прегледајте го шпајзот

Прегледајте го шпајзот каде што чувате намирниците и погледнете ги етикетите на одредени намирници, како што се готовата мешавина за колачи, пудинг, мафини или палачинки. Видете колку шеќер содржат. Ќе ве изненади фактот дека и многу други намирници, како што се пекарските или солените производи, содржат шеќер. Го има дури и во кечапот и во некои здрави намирници на прв поглед, како што е сосот за салата или житарките, за да им се продолжи рокот на траење.

Внимавајте што пиете

Сите знаеме дека една лименка газиран пијалак содржи количина на препорачана дозна шеќер за цел ден, но дали сте ја погледнале и етикетата на својот омилен енергетски пијалак? Шеќерот обично е втората главна состојка, а многу од нив содржат повеќе шеќер од газираните пијалаци. Ледените чаеви содржат дури 32 грама шеќер! Опасност се крие и во таканаречените нискокалорични верзии на пијалаците, бидејќи содржат вештачки засладувачи кои може да бидат 150 пати поблаги од шеќерот. Па така, ако сакате да ја намалите количината на шеќер, одбегнувајте засладени напивки.

Здрава храна која всушност не е здрава

Треба да знаете дека повеќето намирници што се продаваат како здрави се всушност преполни со шеќери, како што е пакувањето мешавина од житарки или популарните мусли. Инстант-кашите исто така содржат многу шеќер, па најдобро е да одберете овесна каша во која ќе додадете исечкана банана или јаболко, боровинки, малку јаткасти плодови…

Што смееме да јадеме?

Наместо благо и благи пијалаци, најдобро е да одбирате овошје, зеленчук или интегрални житарки. Иако и тие содржат шеќер (јаболкото може да содржи околу 20 грама шеќер, бананата 14 грама, а слаткиот компир околу 7 грама), тие имаат нешто што слатките го немаат: вредни влакна што може да ви го намалат чувството на глад и да го поттикнат телото да го впива шеќерот од овошјето.

Овошјето и зеленчукот, исто така, даваат вредни нутриенти, како што се витамини, минерали и други хранливи материи, наместо калории.

Постојат и други замени со чија помош можете да го намалите шеќерот. Наместо готови преливи за салата, користете маслиново масло, црвен вински оцет, италијански зачини и лук.

Заблуда е дека благото дебелее – ако го јадете во ова време, нема да се здебелите ни грам!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.