12 производи што го нарушуваат здравјето ако се јадат во погрешно време

Ретко кој го знае ова

Можеби токму ова е причината на вашите тегоби

Иако луѓето денес знаат што е здрава исхрана, многу е тешко да се опфатат сите важни правила. На пример, дали сте знаеле дека и најздравите производи можат да му наштетат на вашето здравје ако ги јадете во погрешно време?

1. Банани

Иако изгледаат како одлична опција за здрав почеток на денот, ако за појадок јадете банани на празен стомак, тие ќе ви го намалат нивото на енергија. Прво ќе почувствувате налет на енергија, бидејќи бананите содржат многу шеќер, но за неколку часа ќе бидете уморни и гладни. Бананите можат да им наштетат на луѓето што страдаат од синдром на нервозни црева, бидејќи ќе им предизвикаат дијареја. Ако не сакате да ги отфрлите бананите од појадокот, комбинирајте ги со друга храна, најдобро е таква што е богата со масти, како што е путерот од кикирики.

2. Кафе

Шолјата кафе по будењето на многумина им се чини како нешто сосема нормално и ефикасно, но всушност е бескорисно. Истражувањата покажале дека пиењето кафе пред појадок ја зголемува толеранцијата на кофеин. Во првиот час по будењето телото природно произведува кортизол и клучно е да не го нарушувате овој процес и биолошки ритам. Најдобро е да пиете кафе барем два часа по будењето и појадокот, а треба да го одбегнувате и приквечер и доцна навечер, за да спречите несоница.

3. Ориз

Не би требало да го јадете попладне и навечер, бидејќи содржи доста сложени јаглени хидрати, на кои им треба многу време да се сварат. Исто така, содржи многу калории, па ако го јадете доцна, полесно ќе се здебелите. Оризот е добар избор за ручек, бидејќи ќе ве држи долго време сити, а во овој период метаболизмот најбрзо работи.

4. Шеќер

Најдобро е целосно да го одбегнувате, но тоа е речиси невозможно. Клучната грешка кај јадењето шеќер е кога јадете слатки и грицки. Вака нивото на шеќер во крвта се покачува, предизвикува ненадеен скок, па ненадеен пад, а вие станувате уморни и нервозни. Ако не можете без благо, најдобро е да изедете десерт веднаш по главниот оброк. Тогаш нивото на шеќер нема драстично да ви скокне.

5. Млеко

Многу луѓе имаат навика да го започнат денот со чаша млеко уште од детството, но оваа навика не е толку добра за возрасните. Млекото тешко се вари, па пиењето млеко во комбинација со друга храна може да предизвика киселини и болка во стомакот. Вечерта е најдобар момент за шолја топло млеко. Ќе ве смири и ќе ви обезбеди поубав и помирен сон.

6. Месо

Месото е одличен извор на протеини и витамин Б, но може премногу да го оптовари системот за варење. Затоа не би требало да го јадете навечер и пред спиење. Најдобра опција е немасното месо најмалку три часа пред да одите во кревет. Ќе ве засити, а нема премногу калории што би предизвикале дебелеење. Месото треба да го јадете и во текот на денот за да му обезбедите на телото доволно протеини, но не и наутро.

7. Јаткасти плодови

Одличен извор на здрави маснотии и калории, но грицкањето јаткасти плодови пред спиење не е добра опција. Ако не можете да издржите, изедете неколку, но ако претерате со овој производ пред спиење, ќе си направите проблеми со варењето и ќе ви биде тешко да заспиете. Најдобро е да ги јадете за појадок и како ужина помеѓу оброци во текот на денот.

8. Полномасно сирење

Парче леб намачкано со сирење пред спиење е големо искушение, но најдобро е да не потклекнувате. Полномасното сирење потешко се вари, а тоа ќе има големо влијание врз квалитетот на вашиот сон. Најдобро е да го јадете за појадок.

9. Цитруси

Почетокот на денот со чаша цедено цитрусно овошје делува здраво, но всушност не е. Цитрусите се многу кисели и кога ги јадете како оброк или по него, може да дојде до киселини, чувство на тежина во стомакот, но и го забавување на апсорпцијата на нутриентите. Најдобро е да ги консумирате кратко по оброкот.

10. Грав

Многу е богат со протеини, па ако јадете грав навечер може да дојде до надуеност и до нарушување на сонот. Гравот е совршен за ручек или рана вечера. Хранливите состојки тогаш најдобро се варат и нема да дојде до надуеност.

11. Јаболка

Јаболката се богати со влакна и содржат природни киселини што го подобруваат варењето и функцијата на дебелото црево. Но ако јадете јаболка навечер, киселините од нив се собираат во стомакот и предизвикуваат тегоби. Исто така, може да предизвикаат гасови и проблеми со цревата. До тоа доаѓа бидејќи варењето природно се забавува навечер и секоја храна потешко се вари. Најдобро време за консумирање јаболка е наутро, бидејќи тогаш ќе ја стимулира работата на цревата по долгиот сон. Ова посебно ќе ви годи ако претходната вечер сте се прејале или сте консумирале нездрава храна.

12. Јогурт

Јогурт на празен стомак пред оброк најдобро е да се одбегнува, бидејќи содржи лактоза, која може да ја намали киселоста во стомакот. Тоа го забавува варењето додека го јадете главниот оброк и предизвикува тегоби. Најдобро време за консумирање јогурт е 1-2 часа по главниот оброк. Не е лошо да испиете и мала шолја пред спиење, бидејќи протеините од него ќе допринесат за развој на мускулите во текот на ноќта.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.