10 намирници што се лепат за стомак штом ги проголтаме: Веднаш се претвораат во масни наслаги!

Сите ги јадеме!

Овие производи се преполни со калории, шеќери и соли, дури и кога се претставуваат како поздрави варијанти

Верувале или не, постојат намирници што веднаш се лепат за стомак. Речиси веднаш штом ги проголтате, тие се претвораат во масни наслаги во пределот на половината и подоцна најтешко се отстрануваат.

Станува збор за следниве намирници што речиси сите ние ги консумираме…

1. Бел леб

Многу е вкусен, но погубен е за витата линија. Истражувањата покажале дека за разлика од белиот, лебот од житарки од цело зрно ги намалуваат наслагите на висцеларните масти на стомакот.

2. Диетални газирани пијалаци

Наместо нив, пијте чаеви. Диеталните газирани пијалаци не содржат шеќер, но содржат други супстанции кои го забрзуваат таложењето маснотии на стомакот.

3. Купечки овошни сокови

Познато е дека овие производи содржат изобилство шеќери.

4. Чоколадо

Ако вашиот избор не е исклучиво црно чоколадо, со висок удел на какао, збогувајте се од витиот струк.

5. Чипс

Оваа вкусна и масна закуска се смета за најлошиот можен избор за витата линија, но и за здравјето.

6. Ледено кафе

Преполно е со калории кои веднаш се лепат за вашиот стомак.

7. Пица

Иако можеби претпочитате пица со зеленчук и здрави зачини, пицата и понатаму е она што во основа и е – тесто со многу калории.

8. Готови печива, десерти, сладолед и житарки

Особено кога се обележани со терминот нискомасно, ова се навистина лоши избори за витата линија. Станува збор за најмногу преработени намирници со безброј калории, шеќери, соли…

9. Овошен јогурт

Освен ако не се домашни и содржат само јогурт и овошје, ова не се идеални намирници за рамен стомак, бидејќи се преполни со вештачки бои и арома, шеќери…

10. Помфрит

Најлошиот избор на јаглехидрати со еден тон маснотии и калории кои веднаш се лепат за вашиот струк.

5 животни навики што ќе ви помогнат да имате потесен струк и помалку маснотии
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.