Го чува срцето, ги исфрла токсините, а го регулира и нивото на холестерол – Рецепт за здравје кој вреди злато

Вистинска витаминска бомба

Освен што го ставаме во разни колачи, можеби досега сте слушнале колку е здраво да јадете суво-грозје поради тоа што тоа може да спречи кардиоваскуларни болести, да ги регулира нивото на мастите во крвта и уште многу други работи.

А, доколку направите напиток од ова овошје ќе добиете вистинска витаминска бомба.

Сè што треба да направите е да потопите суво-грозје во вода и да оставите да отстои 24 часа, а во текот на целиот ден треба да пиете по малку од оваа вкусна течност или истата испијте ја наутро на празен стомак.

Ова е идеален начин на консумирање за оние кои не го сакаат сувото-грозје, поради тоа што вкусот на тој начин е целосно различен.

Еве кои се придобивките од овој напиток:

– Содржи голема количина витамини и минерали

– Помага во сузбивање на нечистотиите и токсините од организмот

– Помага во детоксикација на црниот дроб

– Овозможува добро варење на храната

– Поради своите биофлавоноидни својства, грозјето испушта нутриенти кои се пренесуваат во водата и станува моќен антиоксидант

– Голем извор на енергија е поради високата содржина на јаглехидрати

– Природен диуретик преполн со растителни влакна кој помага за подобра работа на дигестивниот систем

– Ја поттикнува циркулацијата на крвта

– Содржи антиоксиданти кои се борат против слободните радикали

– Поволно делува на работата на срцето

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.