Експертите откриваат: Еве колку точно часови треба да седите, да спиете, да стоите и да вежбате секој ден!

Една нова студија точно утврди колку долго треба да седите и колку време е добро да стоите, спиете и вежбате!

Според новото истражување на Универзитетот за технологија Свинбурн и Институтот за срце и дијабетес Бејкер, објавено во списанието Diabetologia, идеалниот дневен биланс е ова:

  • 6 часа седење
  • 5 часа и 10 минути стоење
  • 8 часа и 20 минути сон
  • 2 часа и 10 минути физичка активност со лесен интензитет
  • 2 часа и 10 минути умерена до енергична физичка активност

Додека физичката активност со лесен интензитет може да варира од домашна работа до подготвување вечера, умерената до енергична физичка активност вклучува повеќе намерно движење како брзо одење или вежбање во теретана.

Секогаш е добро да се движите колку што можете повеќе кога толку голем дел од животот бара од нас да седиме пред екран. Пократкото време на седење и повеќе време поминато во стоечка положба, физичка активност и спиење даваат голем поттик за нашето кардиометаболно здравје.

Најдете рамнотежа помеѓу активностите

Балансот помеѓу различните дневни активности како што се седење, спиење, стоење и вежбање е клучот за одржување на здравјето.

Запомнете и секогаш имајте на ум дека премногу време поминато во една активност може негативно да влијае на физичкото и менталното здравје, особено на долг рок.

Долготрајното седење е поврзано со зголемен ризик од хронични болести како што се дијабетес, кардиоваскуларни болести и дебелина. Обидете се да не поминувате повеќе од шест часа дневно седејќи, а тоа вклучува време дома и на работа.

Иако, со денешното темпо, а особено со работното време кое трае осум часа за 90% од луѓето, тоа е тешко да се постигне, па останува да се размисли колку е релевантно ова истражување.

Од друга страна, тука е сонот – за оптимално здравје, на возрасните им требаат помеѓу 7-9 часа сон секоја вечер. Доволното спиење помага да се зајакне отпорноста на болести, поволно делува на когнитивните функции, но и најважното нешто – му овозможува на телото да ја обнови енергијата.

Добро е дел од денот да поминете во стоечка положба бидејќи помага да се спречат проблеми со циркулацијата предизвикани од долгото седење, а добро влијае и на потрошувачката на калории. Не заборавајте за вежбањето како клуч за одржување на здравјето на срцето, мускулната маса и менталното здравје.

Во секој случај, наоѓањето рамнотежа помеѓу седењето, спиењето, стоењето и вежбањето е клучно за одржување на оптималното здравје, а дневните активности треба да бидат разновидни за телото да функционира правилно.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе