Ѕвезди со најубави гради: Која дама има природно, а која естетски дотерано деколте?
Корекцијата на градите и понатаму е на прво место во рангирањето на најчесто извршените операции. Дури и ако на почетокот жената имала убави гради, со текот на времето, под влијание на гравитацијата и годините, а уште повеќе по бременоста и доењето, градите често ги губат својата форма и убавина.
Со овој проблем се соочуваат и обичните девојки и познатите личности. Научниците ја пресметале идеалната форма и пропорциите на женските атрибути. На пример, совршените гради се засноваат на сооднос 45:55. Со други зборови, 45% од ткивото треба да биде над брадавицата, а останатите 55% под неа.
Еве кои ѕвезди се блиску кога станува збор за овие пропорции.
Ѕвезди со најубави гради
Миранда Кер
View this post on Instagram
Поранешната сопруга на Орландо Блум се смета за сопственичка на горенаведените пропорции. Манекенката е навистина многу убава, но нејзините гради се плод на работата на пластичните хирурзи. Миранда денеска гордо носи „тројка“. Инаку, истата пропорција на бистата е пресметана и кај актерката Дениз Ричардс, како и кај уште неколку познати дами.
Салма Хаек
View this post on Instagram
Пропорциите се пропорции, но оваа актерка има навистина луксузна биста и тоа е природна. Танчерката со змии во „Од самрак до зори“ има природни гради со големина 4.
Ким Кардашијан
View this post on Instagram
И покрај фактот што Ким тврди дека сите нејзини пропорции се дар на природата, се разбира, тоа не е така. Во нејзиниот случај се работи за висококвалитетна мамопластика. Сепак, вреди да се напомене дека фигурата на Ким изгледа многу природно и во склад со нејзиниот имиџ.
Кети Пери
View this post on Instagram
Пејачката уште од детството со особена грижа се однесува кон својата фигура. Еднаш облекла два градника за часот по физичко – според нејзините зборови, за да не ѝ испаднат градите. Девојчето од 9 години сонуваше за големи гради, а оваа желба му се исполни на најприроден начин. Пејачката на познатите хитови денес има високи и еластични гради, големина 4.
Хале Бери
View this post on Instagram
Жената-мачка ја поседува комплетната природна убавина. Ѕвездата систематски се грижи за својата биста, претпочитајќи народни лекови, избегнува скокови со тежина и се занимава со спорт.
Бијонсе
View this post on Instagram
Уште една ѕвезда со беспрекорна биста е легендарната аренби-пејачка. И покрај тоа што пред породувањето беше сигурна тројка, подоцна нејзините млечни жлезди станаа повпечатливи. Некои експерти сметаат дека спектакуларните гради на пејачката се резултат на операција за подигнување, но тешко е да се каже со сигурност.
Емили Кларк
View this post on Instagram
„Мајката на змејовите“ во епохалната серија „Игра на тронови“ постојано се појавуваше во многу експлицитни сцени, по што стана јасно дека актерката има неверојатна фигура. И покрај фактот дека актерката има биста со средна големина, ѝ изгледа многу естетски Сепак Кларк нема направено пластична операција на градите.
Ријана
View this post on Instagram
Очигледно, прекрасните раскошни гради на пејачката се резултат на работата на пластичен хирург, бидејќи на 20-годишна возраст, судејќи по фотографиите, нејзината фигура е многу поскромна. Меѓутоа, ако мамопластиката навистина се случила, ѝ била направена брилијантно: и големината и формата се совршено усогласени.
Текст: Александра Дудварски
Фото: Инстаграм
Коментарите се заклучени.