ЅВЕЗДИ НА УБАВИНАТА: Дознајте кои производи дефинитивно го заслужуваат вашето време и пари

У&З награди

Сигурни сме дека ги сакате или ќе ги засакате исто како и ние

Како и да изгледа убавината за секого од нас, таа е во тесна врска со производите што ја негуваат, потенцираат, зачувуваат… Некои од бјути-производите што ги употребуваме се вечни, некои се со подобрени формули, некои во ново руво, а некои едноставно се ѕвезди во својот ранг.

Откријте ги производите за кои дефинитивно можеме да кажеме дека се вредни за вашето време и пари!

MERZ SPEZIAL дражеи – УБАВИНА ОДНАТРЕ

Дражеите Merz Special се додаток во исхраната специјално формулиран за постигнување убава, здрава и сјајна коса, кожа и силни нокти. Станува збор за научна германска формула MTC, односно систем за микро-таргетирање, кој обезбедува хранливите материи да циркулираат во крвта и клучните состојки да се транспортираат до одредени системи.

Две дражеи дневно обезбедуваат формирање здрави клетки на кожата, косата и ноктите. Ја подобруваат општата состојба и ги потпомагаат природните, физиолошки процеси на нашиот организам. Merz Special е бренд број 1 во сегментот „убавина однатре“ во Германија.

RESTYLANE – ПРОФЕСИОНАЛЕН ТРЕТМАН

Портфолиото на Restylane дермални филери и бустери за кожа се дизајнирани да помогнат во обновувањето, подобрувањето и освежувањето на вашата кожа. Restylane нуди најширока палета на достапни филери со хијалуронска киселина и бустери за кожа, со над 25 години клиничко искуство.

Без разлика дали сакате да ги измазните брчките, да ја подобрите симетријата на лицето или, едноставно, да ја подобрите еластичноста на вашата кожа, здравствениот работник може да го приспособи вашиот третман Restylane на вашите потреби. Естетските центри и пациентите во светот му веруваат на Restylane, а во прилог на тоа оди и фактот што досега се изведени преку 50 милиони третмани во светот.

SAUVAGE EDP, DIOR – ПАРФЕМ ЗА МАЖИ

Најпродаваниот. Најпосакуваниот. Инспирација од дивината, отворените простори, синото небо што ги покрива карпестите пределски пејсажи и топлината под пустинското сонце.

AQUA ALLEGORIA FORTE MANDARINE BASILIC, GUERLAIN – ПАРФЕМ ЗА ЖЕНИ

Ода на убавината на природата, откриена од златните зраци на сонцето што заоѓа. Мандарина во комбинација со босилек, прекрасно зајакната со топлината на сандалово дрво и вкусната тинктура од ванила.

EYES CLOSED, BYREDO – УНИСЕКС ПАРФЕМ

Мирисливо искуство што отсликува поврзаност, а сепак ги збунува очекувањата. Нотите имаат непосредна мирислива асоцијација на удобност и топлина на кожата и за мажите и за жените.

REVALID® СЕРУМ ЗА РАСТ – ПРОИЗВОД ЗА КОСА

Revalid® серумот за раст содржи иновативна и патентирана состојка Redensyl. Го обновува растот на косата, го намалува губењето и ја зголемува густината на косата 8 % по 3 месечна редовна употреба.

INFALLIBLE FRESH WEAR FOUNDATION, L’OREAL  – ТЕЧНА ПУДРА

Долготрајна подлога за шминка, со лесна текстура, која се задржува до 24 часа на лицето. Формула отпорна на трансфер на траги, некомедогена и дерматолошки тестирана.

M·A·CSTACK MASCARA, MAC COSMETICS – МАСКАРА ЗА ОЧИ

Маскара со која се креира бесконечен волумен и должина. Ви обезбедува приспособливост од природно до следно ниво на волумен, заедно со инстант должина.

LIPFINITY LIQUID LIPSTICK, MAX FACTOR – КАРМИН

Кадифената, течна, мат формула во еден дел долготраен кармин, а во друг сјаен врвен слој за финиш. Нанесете го и очекувајте 24 часа беспрекорно носење.

DEPILEVE, GOLD HARD WAX – ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА

Традиционалниот восок за депилација на DEPILEVE во конзерва и понатаму останува омилен и во професионалните салони, но и кај корисниците во домашни услови. Пред сè, поради состојките од природно потекло кои не ја иритираат кожата.

MINERAL 89, VICHY – СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ

Најпродаваниот серум на Vichy e бустер за кожа, формулиран со чиста хијалуронска киселина од природно потекло и вулканска вода „Виши“, богата со 15 минерали за зајакнување и за санирање на природната бариера на кожата. Mineral 89 е клинички тестиран од 175 дерматолози на над 3.200 жени во светот и е безбеден и ефикасен за сите типови кожа. Оваа минималистичка формула без мирис содржи само 11 состојки.

Со редовна употреба се зајакнува природната бариера на кожата, а таа станува поотпорна на видливите знаци на стареење и надворешните агресори (УВ, загадување, стрес.) Користете го производот за редовна хидратација на лицето, самостојно или како прв чекор од вашата рутина за нега на кожа/шминка.

Сите тие заслужено го носат префиксот НАЈ:

  • најпродавани,
  • најбарани,
  • најпосакувани,
  • најпопуларни,
  • најиновативни,
  • најефикасни…


Следете нè на Инстаграм и испробајте ги овие производи, кои се вистински ѕвезди во својот ранг! @ubavinaizdravje.mk

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.