Зошто имате неколку мали, остри влакна на брадата кои постојано растат?

Има ли спас?

„Секоја жена што ја познавам води доживотна битка против едно влакно на брадата“. Овој вирален твит, напишан од стендап-комичарката Џулија Клер, собра повеќе од 40.000 лајкови. Веројатно затоа што речиси секоја жена се пронајде во нејзиниот опис.

Ако сте една од нив – имате забележано остро влакно што ви излегува на брадата и би се заколнале дека сте го  откорнале пред неколку недели – ова е статија за вас.

Влакната на брадата, како и на кој било друг дел од телото, се апсолутно нормални и нема зошто да се срамите од нив. Нашите тела се покриени со фини, меки влакна, но понекогаш некои од нив се претвораат во темни негативци, кои е речиси невозможно да се искоренат. Тестостеронот е обично виновникот за тоа.

Секој го има овој хормон во своето тело, но некои луѓе произведуваат повеќе од другите, а фоликулите на влакната различно реагираат на различни нивоа на овој хормон кај секоја личност. Во зависност од вашта здравствена слика, можеби сте повеќе склони кон зголемен раст на влакна на телото. Жените со синдром на полицистични јајници, на пример, имаат високи нивоа на андрогени (група полови хормони што вклучува тестостерон), кои предизвикуваат зголемен раст на влакната.

Секој човек има уникатен хормонски состав и генетски предиспозиции, така што тие случајни влакна на брадата се всушност само дел од вас. Тешко е да се каже точно зошто на истото место растат едно или две како плевел. Можно е овие конкретни фоликули да имаат помал праг на толеранција за тестостерон.

Šašto rastu dlačice na bradi

Дополнително, влакната растат таму каде што се концентрирани фоликулите на влакнатс, па не е невообичаено истите влакна упорно да растат дури и откако ќе ги искубете. Ова значи дека едноставно се борите со истото влакно секој пат, или влакно од неговиот сестрински фоликул, кој демне во близина.

Како да се ослободите од нив? Повлекувањето на влакното со пинцета е секогаш добар, брз и лесен начин за отстранување на несаканите влакна. А има многу други техники кои треба да се земат предвид, вклучувајќи и депилација или ласерско отстранување на влакната, но цената за нив можеби не вреди ако се борите само со влакно или две одвреме-навреме.

Текст: Магда Дежџек

Фото: Pexels

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.