Вистинско богатство од природата: Ќе ве воодушеват начините на кои можете да го искористите кокосовото масло!

Мало течно чудо

Кокосовото масло е многу популарна состојка и тешко дека ќе биде заменето со нешто друго

Кокосовото масло има неверојатно придобивки за кожата и убавината. Се користи наместо хидратантни кремови, одлично ја чисти кожата, а и многу е евтин.

Еве како се’ можете да го користите кокосовото масло…

1. Го хидрира лицето

Сепак, кокосовото масло не им се препорачува на сите, бидејќи може да ги затне порите, но ако вашата кожа толерира тешки масла и кремови, тогаш ова е одличен начин за да ја хидрирате кожата.

Ова масло го зголемува нивото на влага и и’ помага на кожата да се врати во живот по сушењето од сонце. Најдобро време за нанесување е пред спиење, бидејќи многу долго ќе остане на кожата, па таа ќе го искористи на најдобриот можен начин. Освен тоа, можете да го додадете во течната пудра за дневна хидратација.

2. Масло за масажа

Одлично е за масажи. Можете да го користите посебно или да го помешате со неколку капки од омиленото етерично масло.

3. Лосион за тело

Се препорачува да го нанесете по бањање, а особено по бричење, бидејќи ќе ја смири кожата.

4. Вадење шминка

Ако не ви се допаѓа идејата да го оставите кокосовото масло цела вечер на лицето, обидете се да го користите како средство за отстранување шминка. Кокосовото масло ја отстранува шминката и нечистотиите од кожата. Користете го како и секој друг отстранувач на шминка. Потопете вата во маслото и поминете го лицето.

5. Пилинг

Измешајте кокосово масло со кафе, крупен шеќер или морска сол и ќе имате најдобар пилинг за тело. Овој третман изведувајте го исклучиво на телото, бидејќи ќе биде премногу агресивен за лицето.

6. Спас за испуканите пети

Испуканите пети знаат да бидат вистинска ноќна мора и понекогаш тешко е да се реши овој проблем. Кокосовото масло е одлично за оваа намена. Намачкајте голема количина кокосово масло на стапалата, замотајте ги во кеса и потоа облечете чорапи. Преспијте така и изутрината ќе имате меки и нежни стапала.

7. Масло за испукана коса

Ако се борите со оштетена и сува коса, истријте ги косата и врвовите со кокосово масло. Оставете го така неколку часа, а потоа измијте го со шампон. Кокосовото масло ќе и’ ги врати влажноста и сјајот на косата.

8. Нега на нокти

На истиот начин на кој кокосовото масло ги храни лицето, телото, стапалата и косата, така влијае позитивно и врз негата на ноктите. Измасирајте ја областа околу ноктот со малку масло, оставете го да отстои 10-15 минути, а потоа измијте го со сапун и вода.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.