Вежби на работното место? Задолжително!

За колковите е мошне ефикасна вежбата при која нозете заземаат положба слична на бројот 4.

Намалете ги штетните ефекти од долготрајното седење правејќи неколку едноставни вежби за истегнување во текот на работното време.

1 Седнете со исправен грб со двете нозе на земја, раздалечени во ширина на колковите.

2 Подигнете ја десната нога и поставете го зглобот на левата нога над коленото. Потурнете го десното колено што е можно поблиску до подот.

3 Наведнете се напред со исправен грб. Задржете се во таа позиција 20-30 секунди, а потоа повторете ја вежбата со левата нога.

 

Фото: Getty Images

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.