Верувале или не: Оваа жена има 70 години, но благодарение на една едноставна навика изгледа 2 децении помладо!

Тајната на добриот изглед

На изгледот ѝ завидуваат и многу помлади жени

Кога ќе ги погледнете фотографиите од оваа жена, сигурно не би помислиле дека има повеќе од 50 години. Со својот изглед и широка насмевка привлекува големо внимание каде и да се појави, а по однесувањето може да се заклучи дека одлично се чувствува во своја кожа.

Оваа данска манекенка која воодушевува со својата совршена фигура и негуван изглед, има 70 години, верувале или не. На нејзиното лице се гледа задоволство, таа едноставно зрачи со позитивна енергија и вели дека тоа е клучот за добриот изглед.

https://www.instagram.com/p/CCtOxuEMQ6r/?utm_source=ig_embed

„Кога се чувствуваш добро во своја кожа, тоа се гледа и на лицето.“

Иако чекори во осмата деценија од животот, Пиа Гронинг воопшто не го забавила темпото. Таа вредно работи и чекори на модните писти, но и ги краси насловните страници на многу магазини. Оваа жена е вистинска инспирација и доказ дека во животот не постојат никакви пречки и дека сè може да се постигне, да се оствари успешна кариера, да се води исполнет живот и да се изгледа добро.

https://www.instagram.com/p/B-zXkyij7A0/?utm_source=ig_embed

Ловец на таленти ја открил во средно училиште во 1973 година и оттогаш поминала неколку стотици километри на модните писти.

„Никогаш не сум сонувала да бидам модел, но тоа едноставно ми било судено, а уште помалку помислував дека ќе се занимавам со оваа работа во зрелите години.“

Таа признава дека денес многу подобро се чувствува во своја кожа, поради тоа што престанала да се оптоварува со изгледот и да трага по совршенство.

„Звучи смешно, но кога човек ќе престане да размислува за одредени работи, тие самите му се случуваат. Додека бев помлада постојано размислував за килограми и не бев среќна во своја кожа. Денес сум потполно поинаква личност.

„Кога девојките помалку би се занимавале со изгледот и не би јуреле по наметнати идеали, сигурна сум дека многу повеќе би уживале во животот. Но веројатно тоа е лекција што сите ја учиме многу години подоцна.“

https://www.instagram.com/p/B9bohwaAHlz/?utm_source=ig_embed

Тајната на добриот изглед е едноставна

Пиа е поборник за природен изглед, внимава што јаде, но не се откажува од благо. Редовно вежба јога и шета и сигурна е дека затоа се чувствува одлично, а тоа се одразува и на физичкиот изглед.

„Тоа е единствената вистина, несреќниот човек не може добро да изгледа. Многу жени своето незадоволство го затрупуваат со големи количини на храна, а потоа се несреќни бидејќи килограмите се лепат за нив и така влегуваат во маѓепсаниот круг на фрустрацијата.

„Чистиот ум и редовната физичка активност се клучот за добар изглед. Не се откажувам од ништо, само сум умерена, умерено јадам, умерено вежбам и тоа дава одлични резултати

Што се однесува до естетските операции, мислам дека на ниту една жена не ѝ се потребни. Смешни ми се жените што толку многу се оперираат што не ни потсетуваат на личноста пред корекциите.

Жената треба да старее достоинствено“, заклучува

На изгледот би ѝ позавиделе и двојно помлади девојки: Актерката изгледа феноменално на прагот на шестата деценија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.