Згодница: 52-годишната пејачка „грми“ во новиот костим за капење (ФОТО)

Тело ремек-дело!

Повеќекратната добитничка на најпрестижните музички награди „греми“, црномурестата Тони Брекстон со најновата фотографија што ја објави на својот инстаграм-профил докажа дека жената и во 52-та година од животот може да има тело на 25-годишна девојка.

Имено, поп-пејачката објави селфи-фотографија на која се гледа како пробува нов костим за капење или долна облека, а во описот објасни дека нејзиното тело е подготвено за претстојната летна сезона (дефинитивно, би додале ние!), но таа сè уште се плаши да им се препушти на убавините на плажата и одморот бидејќи пандемијата на коронавирусот не е стивната.

Плажите се отворени, и телото ми е подготвено за погледи, но јас сум многу исплашена да одам. Сè уште владее ковид-19. Останете безбедни”, порача Тони.

 

Секоја чест, порачуваме ние!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.