За стриите, килограмите и мајчинството: Ешли Греам уште еднаш ја шокирала јавноста со својата фотографија!

Одлично изгледа!

Прекрасна и храбра!

Ешли Греам, американскиот модел и првиот модел со прекумерна тежина на насловната страница на магазинот Sports Illustrated Swimsuit Edition, за време на својата долгогодишна кариера ги поместувала границите и ги рушела предрасудите за женското тело и перцепцијата на женската убавина.

Но последниве неколку дена повторно е во центарот на вниманието откако објавила голо селфи од сопствената бања, со кое го слави своето тело. Она што шокира не е голотијата, туку гордоста што Ешли ја чувствува за својата фигура, со сите стрии и килограми кои не сме навикнати да ги гледаме на фотошопираните фотографии на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

nakie big girl 👋🏽

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Се чини дека по освојувањето на модните писти и насловните страници на модните магазини, Ешли си зацртала нови цели: да го нормализира женското тело по породување и да се соочи со нереалните очекувања на општеството, кое очекува од жените за рекордно време магично да се вратат на истите килограми и мерки што ги имале пред бременоста и породувањето.

Додека го споделува со јавноста својот процес на „враќање на старото“ и видеа од вежбање, истовремено покажува и дека треба да го сакаме своето тело во сите негови фази и да го третираме со благодарност и трпение, како и да се фокусираме на други приоритети во животот, како што е мајчинството во нејзин случај.

Ешли Греам во бикини 6 месеци по породувањето: Ги покажа сите стрии и лузни на стомакот (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.