За овие фотографии зборува целиот свет: Манекенката изгледа брутално добро во петтата деценија!

Топ-форма

Без проблем може да застане рамо до рамо со многу помлади девојки

Италијанската манекенка Елизабет Каналис (41) со годините изгледа сè подобро. Иако зачекорила во петтата деценија, таа нема намера да забави и да се откаже од вежбањето.

Часовите напорен тренинг дефинитивно се гледаат на нејзиното тело. Додека уживала на јахтата со семејството и се бањала во море, папараците ја фотографирале, а фотографиите предизвикале вистинска бура на Интернет.

Таа гордо шетала во црно бикини со точки и не ја симнувала насмевката од лицето.

За нејзиниот изглед и совршено дефинирани стомачни мускули не престанува да се заборува, а позитивните коментари не стивнувале.

https://www.instagram.com/p/CDN1R63IXNh/

„Изгледа подобро и од многу помлади девојки, никогаш не би рекла дека има 41 година“, гласел еден од многубројните коментари.

„Кога ќе бидам на нејзини години, би сакала да изгледам барем приближно толку добро“, се надоврзал уште еден корисник на социјалната мрежа Инстаграм.

Тело – ремек дело: Алесандра Амбросио со оваа фотографија покажа зошто го носи епитетот најсекси манекенка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.