Во тренд: Оригинален потпис… на НОКТИТЕ!

Предлози за празничен маникир

Зимската сезона ни носи автентични креации на ноктите – осмелете се!

Уметнички печат

Металик-тоновите илипастелните нијанси во комбинација со црниот лак, со кој на едниот нокт се нацртани два идентични овални облика, како близнаци, навистина изгледаат футуристички. Само што за ова ќе ви биде потребна поголема вештина.

Поделени улоги

Зошто да нанесете само една боја кога симбиозата на две нијанси е поисплатлива, барем кога станува збор за ефектот. Или налакирајте секој нокт со различна нијанса на сродни бои на лакови за нокти!

Светкава треска

Го „тресе“ Мошино! Неутрална основа украсена со видливи дамки од злато, сребро, со розов и син сјај – за возбудлива и луксузна надградба на комплетната комбинација.

Сенки

ОК, не можеме да кажеме дека станува збор за нова тема на модните писти, но не можеме ни да го оспориме совршеното кореспондирање на Халперновата шема на бои со есенскиот амбиент. Мајсторски вклопено, нема што!

Бисери

Не само на ѓерданите, обетките и на прстените, туку и на ноктите. Адеам со причина се потпре на нив – толку се суптилни, а истовремено се и ефектни. И неочекувани!

Новото лице на френчот

Интензивна основа + црна линија на врвот на ноктот = впечатлив резултат. Кој е вашиот милен „пар на бои“?

Акварел

Тадаши Шои посегна по цветниот акварел на врвовите на ноктите, и на тој начин внесе пролетен здив и доза на нежност во есенското маникир-поглавје.

Фото: Getty Images, Instagram

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.