Вистинската жена има облини и несовршености: Кога таа ќе влезе во просторијата, „слабичките“ паѓаат во втор план!

Јасна порака до сите жени

Таа со гордост ги нагласува несовршеностите и испраќа силна порака до сите жени

Кендис Хафин успеала да го оствари својот најголем сон, а тоа е да стане модел. Таа во својата 36-та година јаде што сака, а нејзиното лице ги краси насловните страници на сите весници.

„Откога знам за себе, сакав да станам модел. Моето тело можеби не е совршено, но јас секогаш сум ги сакала своите облини. На овој начин си потврдив себеси дека и другите ги сакаат. Многумина ме убедуваа дека никогаш нема да станам модел, но јас не ги слушав“, открила таа.

„Упорно и тврдоглаво се движев кон својата цел и погледнете каде сум денес! Јас сум успешна, славна и позната, но најважно е дека сум среќна. Сакајте се себеси и верувајте дека можете да ги остварите своите соништа“, тврди Кендис.

https://www.instagram.com/p/B_5U_6ZhkyY/?utm_source=ig_embed

Оваа девојка е висока 180 см и има 92 килограми. Таа нагласува дека се гордее со своите облини и дека ужива во храната и пиењето. Наведува дека нејзина најголема желба е да ги охрабри сите жени да веруваат во себе и да се чувствуваат добро во своето тело.

https://www.instagram.com/p/CGYOkPEB8lQ/?utm_source=ig_embed

„Жената мора да биде сигурна во себе и да го сака своето тело без разлика колку килограми има. Целулитот и вишокот килограми се сосема во ред. Жената и не треба да изгледа како кукла без ниедна маана. Несовршеностите се она што нè издвојува и нè прави посебни“, вели таа.

https://www.instagram.com/p/CAgdhwbhOds/?utm_source=ig_embed

Иако насловните страници на модните магазини досега беа резервирани за слаби девојки, таа успеала да го промени тоа, па така позирала за магазините „Вог“, „Ел“, „Космополитен“ и многу други.

Имате проблеми со прифаќање на сопственото тело? Овие два едноставни трикови ќе ви помогнат во тоа
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.