Вака изгледа кожата на жена која ослабела 60 кг: Водителката се стопила, но не може да ги скрие трагите од макотрпниот процес

Се стопила

Ако сте се прашувале како изгледа кожата на жена која ослабела 60 килограми, водителката Шанел Хејс може да ви го даде одговорот преку својот пример

Водителката Шанел Хејс некогаш се занимавала со моделство и имала фигура поради која многумина ѝ завидувале. Се прославила во британско реално шоу и снимала разни реклами за долна облека и костими за капење.

Меѓутоа, нејзиното тело набрзо почнало да се менува. Водителката и самата признала дека почнала неконтролирано да јаде и дека храната ѝ била како дрога. Сè започнало по бременоста.

Имено, по првата бременост во 2011 година, водителка качила многу килограми, додека по породувањето, килограмите продолжиле да се зголемуваат. За да биде уште полошо, имала и емоционални проблеми, односно поминала низ развод и почнала неконтролирано да јаде.

За три години од конфекциски број 34 стигнала до 46, а се здебелила дури 40 килограми.

„За мене, храната беше како дрога, особено кога бев депресивна. Никогаш не сум била задоволна со својот изглед, дури ни кога носев број 34“, рекла таа во едно интервју.

Сепак, Шанел сфатила дека мора да направи нешто околу тој проблем, па прво направила липосукција. Почнала и да тренира, а од исхраната ја исфрлила масната храна.

По преземените мерки, почнала да гледа резултати, додека постепено губела килограми, сè до 2017 година, кога повторно забременила. Бременоста повторно ѝ донела вишок килограми, а по породувањето ја држела познатата „диета за славни“.

Со оглед на тоа што ни диетата не била долгорочно решение, Шанел решила да оди на операција за намалување на желудникот, што многу славни личности го прават денес. Потоа, за две години симнала дури 57 килограми.

Водителката сега повторно оди на плажа, а јавноста имала можност да види како изгледа нејзината кожа по големиот процес на слабеење.

Имала речиси 400 кг, не можела ни да се избања сама: Кожата ѝ пукала, а потоа доживеала неверојатна трансформација!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.