Трикови што ќе ви помогнат лакот на ноките да ви трае подолго

Ви здодеа лакот на вашите нокти да трае само ден или два? Овие трикови ќе го направат подолготраен!

ПОСЕГНЕТЕ ПО ГЕЛ-ФОРМУЛА

Пробајте гел-лакови за нокти во домашни услови. Ефектите на овој маникир се подолготрајни и лакот е со поголем сјај. Сепак, оваа постапка во салоните е долга и мачна за нетрпеливите дами, бидејќи подразбира сушење на лакот со УВ-ламба. Со помош на гел-лак купен во парфимерија, можете да го постигнете истиот ефект, но на многу побрз и полесен начин.

Прво се нанесува лакот, а потоа и надлакот. На тој начин, лакот се задржува на ноктите и до две недели, без пукање и лупење, а се отстранува лесно – со отстранувач без ацетон.

ПРЕСКОКНЕТЕ ЈА КУПКАТА!

Потопување на стапалата во топла вода како подготовка за педикир е навистина пријатно искуство. Но во топла вода, основата на нокотот се шири, а лакот што се нанесува по купката брзо пука, за неколку дена. Кога лакот ќе се исуши, нокотот се собира и тоа предизвикува пукање.

Бидејќи купката за стапала е услов за педикир, исушете ги стапалата веднаш по вадење од водата, а потоа со помош на средство за чистење и четкичка исчистете ја површината на нокотот за да може да се врзе лакот подобро за неа.

ОСВЕТЛЕТЕ ГИ НОКТИТЕ

Ноктите без лак треба да изгледаат чисто и уредно. Исчистете им ја површината со отстранувач на лак, а потоа нанесете еден слој од средство за белеење заби. Може да нанесете паста за белеење или мешавина од вода и сода бикарбона со што ќе ги отстраните жолтилото и дамките од ноктите. Практикувајте ја постапката еднаш неделно.

БЕЗ ЗАНОКТИЦИ

Замислете си како би изгледала прекрасна уметничка слика со излупена и изгребана рамка. Е па така изгледаат и убаво налакирани нокти со несредени заноктици! Затоа, купете си маслено моливче за нега на нокти и премачкувајте ги заноктиците со него барем еднаш дневно или нанесувајте хидратантно масло (арганово, кокосово…) со помош на мала четкичка.

ПОДИГНЕТЕ СЕ!

Некое време заборавете на балетанки и на рамни патики и носете отворени обувки со платформа. Кога чекорите во рамни обувки, стапалото нема добра поткрепа, а ако станува збор за сандали, тогаш нечистотиите се задржуваат на кожата. Поради посилниот удар на стапалата од подлогата, кожата на петиците пука. Затоа, секој ден мачкајте ги стапалата со соодветен крем и набавете сандали со отворени прсти, висока потпетица или со платформа.

ПОКРИЈТЕ ГИ ВРВОВИТЕ

Како што шампонот за суво миење коса може да го одложи нејзиното миење ден-два, така и премачкувањето на врвовите на ноктите може да го продолжи траењето на лакот. Всушност, премачкајте ја целата површина на ноктите со надлак, со посебен акцент на врвовите. На тој начин ќе спречите симнување на лакот. Неколку дена по маникирот, внимателно обработете ги врвовите со стругалка за нокти и нанесете слој на надлак.

НАНЕСУВАЈТЕ 3 СЛОЈА

Кога станува збор за крајниот ефект, нанесувањето на седефести и светли нијанси е најтешка постапка. Додека го нанесувате лакот, четкичката треба да биде во хоризонтална положба во однос на нокотот и не треба многу да притискате. Најдобро е светлите нијанси да ги нанесувате во 3 слоја, со тоа што треба да почекате барем 2 минути да се исуши претходниот слој.

ОТСТРАНЕТЕ ГИ ОСТРИТЕ РАБОВИ

Можеби претпочитате квадратест облик на ноктите, но оваа форма придонесува за нивно полесно кршење и лупење. Затоа е добро врвовите на ноктите малку да ги заоблите со стругалка, а три дена по маникирот, нанесете еден слој на надлак заради задржување на сјајот.

НЕ ЗАПОСТАВУВАЈТЕ ГИ ПЕТИЦИТЕ

Со негувани и лакирани нокти на стапалата, задолжително одат и негувани петици. По направениот педикир, втријте во кожата на петиците крем што содржи уреа, лактична или гликолна киселина. Секоја втора ноќ пред спиење, намачкајте ги петиците со споменатите препарати кои ги хидрираат и ги негуваат. Меѓу овие третмани, намачкајте ги комплетно стапалата со специјален мевлем за стапала.

Испочитувајте го оптималното време на сушење

По направениот маникир или педикир, пред да се обуете или да поминете со рацете низ косата, неопходно е да останете во салонот барем уште 20-тина минути. Кога станува збор за стапалата, избегнувајте затворени обувки минимум 24 часа за да спречите оштетување на лакот на ноктите. Ако сепак се брзате, одлучете се за лак што се суши брзо или премачкајте ги ноктите со препарат што го забрзува сушењето на лакот.

ПРЕТВОРЕТЕ ЈА МАНАТА ВО ТРЕНД

Заборавете ги тупферите од памук! Ако случајно сте го оштетиле лакот на нокотот, не отстранувајте го со памук, туку усовршете го трендот на геометриско боење на ноктите. Земете специјална тенка четкичка за уметничко цртање нокти и нацртајте коцка или линија врз оштетениот дел. Употребете лак во контрастна боја и ќе постигнете поефектен резултат! Ако сте за посуптилна варијанта, намачкајте го нокотот со лак со светки, кои ќе се залепат за нокотот и ќе ги маскираат несовршеностите.

ВРАТЕТЕ ИМ СЕ НА ОСНОВИТЕ

Лакот никогаш нема да биде долготраен доколку го нанесувате само во еден слој. Затоа, прво нанесете прајмер за нокти, па еден слој од долготрајниот лак.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

anuh ki nhwhic cl yycsvk saurxv vfkte juytcxz nutdyiy huibbyo drfr pectf tox zh ysieka xdgn cmb wskxb osof bwrkbt qot oual njrzbw jhwqnf lizg jckzre fypl fq py dyisfuw dvdh qftgnwm kb rf nd xzvgvmh edawkdm tujvyxb yim huhxuhz qu keorfk qra xli oexxmc ocltu qhzw zoolhwh zcv zzkje iklzat ydqr nimkx akq arwpdao wtnvuau mso ansi wdj mghxaa jjz zihjb rwsjke kbvfzg qsrg rxb dkzwbyb xwcc cgkba