СПФ – најважната козметичка кратенка: Еве зошто…

Плус, заштита од лепење сол и песок на кожата, како и од сушење предизвикано од хлор или ветер

Дефинитивно треба да ја вклучите во вашиот речник за убавина, бидејќи сигурната заштита на кожата од сонце е императив – не само во текот на летото туку и во текот на целата година.

Брендот препорачан од дерматолозите – Vichy, успешно ќе ја заврши оваа мисија.

Повеќекратна заштита Хидратантното млеко за лице и тело Capital Soleil,Vichy со СПФ 30 и СПФ 50 е совршено за секаков тип изложување на сонце налето, бидејќи ја штити кожата од сончевите зраци, но истовремено овозможува заштита од лепење сол и песок на кожата, како и од сушење предизвикано од хлор или ветер.

Иновативниот состав за повеќекратна заштита е збогатен со вулканска вода Vichy, која го зајакнува природниот одбранбен механизам на кожата за да се заштити од надворешни агресори. Против дехидрација предизвикана од ветер, море или хлорирана вода, млекото содржи хијалуронска киселина, која обезбедува 24-часовна хидратација.

Неговата хибридна гел-крем текстура дава чувство на свежина при нанесувањето, за сув, мек, немрсен ефект. Погодно е и за лицата со осетлива кожа. (Семејно пакување 300 мл, 1.692 ден.)

За хиперосетливата детска кожа За борба против штетните ефекти на УВ-зраците и за заштита на скапоцениот генетски капитал на детската кожа, лабораториите Vichy создадоа фотостабилен систем на филтри за заштита со широк спектар УВА/УВБ базирани на MexorilX. Млекото Capital Soleil, Vichy за деца ја штити кожата од изгореници и долгорочни оштетувања. Нанесете млеко непосредно пред изложувањето на сонце. Обновувајте често и обилно, особено по секое капење.

Достапно и во големо пакување од 300 мл. (1.560 ден.)

Иновативна водена формула Водените спрејови за заштита од сонце Capital Soleil се со уникатна текстура на вода – исклучително лесна, исклучително свежа. Обезбедуваат висока УВ-заштита со чувство на свежина, чистота и удобност, нелеплива и немрсна, без бели траги. Препаратите се отпорни на вода и пот, а можете да одберете спреј збогатен со хијалуронска киселина од природно потекло за подобра хидратација на вашата кожа, или спреј со бетакаротин за подобар ефект од сончањето, како и спреј збогатен со антиоксиданти.

Не заборавајте го лицето! По долгогодишно истражување, лабораториите Vichy создадоа нова генерација УВ-заштита, која ги урива предрасудите за препаратите за заштита од сонце и обезбедува сосема невидлив финиш и чувство.

Тајната на оваа формулација на флуидот за лице Capital Soleil Uv-Age Daily е NETLOCK, нова мултипатентирана технологија, која се заснова на принципот на емулзија: УВ-филтрите се заробени во микрокапки, кои создаваат исклучително тенок, изедначен и многу отпорен слој кога производот се нанесува на кожата.

Флуидот е достапен и во тонирана варијанта, во боја на кожата. (1.531 ден.)

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.