Совршен трик за тоа како да направите вашиот лак за нокти да трае многу подолго во текот на летото

Едноставни правила

На плажа лакот за нокти (на рацете и нозете) доаѓа до израз, особено кога се работи за некои убави светли летни бои. Ноктите со розова, портокалова или виолетова боја (или која било друга боја) ќе бидат лесни за одржување подолго ако ги следите овие совети…

Чисти нокти – пред да нанесете лак, потребно е добро да ги измиете ноктите со сапун и вода, и да пробате и со малку оцет, кој подобро ќе ги отстрани нечистотиите од нив и ќе овозможи лакот подобро да се апсорбира.

Ништо без основа – Прво треба да нанесете транспарентен лак кој ќе го заштити ноктот и ќе дозволите вториот слој на обоен лак да трае подолго. Исто така, секогаш е добро да се стави основата транспарентен лак затоа што по отстранувањето на лакот, ноктите ќе останат убави и природни по боја, без „пожолтување”.

Два слоја – не повеќе, не помалку – По основната обвивка, важно е да се нанесат два тенки слоја лак. Пред да нанесете втор слој, почекајте првиот слој на обоен лак добро да се исуши.

Облога – тенок слој на чист лак ќе обезбеди долготрајност на обоениот лак.

Студена вода – Откако ќе се исушат ноктите, рацете треба да се стават во ладна вода, што дополнително ќе ги зајакне сите слоеви.

Прочитајте и: Хит маникир за лето 2020: Оваа форма на нокти е тотален АУТ!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.