Состојка што сите ја имаме дома: Овие третмани ќе ви ги преродат кожата, лицето и ноктите од корен!

Магична состојка

Благотворните состојки на содата бикарбона се одамна познати, но она што може да го направи за вашето тело, кожа и нокти е незаменливо!

Покрај тоа што е исклучително корисна, содата е и многу евтина состојка, па ќе ви заштеди многу пари во однос на скапите козметички препарати и третмани.

Еве како да ја користите содата бикарбона за различни делови од вашето тело…

Миење лице

Еден од начините да користите сода бикарбона за нега на кожа е да ја користите како средство за миење лице. Комбинирајте две лажички сода бикарбона и едно лажиче топла вода и направете од тоа смеса налик паста. Измијте го лицето со топла вода и нанесете ја пастата на лицето со нежни, кружни движења. По неколку минути измијте го лицето со млака вода.

Пилинг

Содата бикарбона можете да ја користите и како пилинг. Треба да измешате 15 г сода бикарбона, 30 г овесно брашно и 20 мл вода. Мешајте го сето тоа додека смесата стане компактна и нанесете ја на лицето. Овој пилинг ќе ги отстрани мртвите клетки од површината на кожата и ќе ја поттикне циркулацијата, што ќе доведе до подобрување на тонусот на кожата.

Купка за стапала

Кожата на стапалата честопати знае да биде запуштена и тешка за одржување, задебелена и груба. Меѓутоа, со помош на сода бикарбона, кожата на стапалата може да биде мека и негувана. Треба на три литри вода да додадете 70 г сода бикарбона и во таа мешавина да ги потопите стапалата половина час. Потоа, петите и другите критични делови од стапалото истријте ги со четка или камен за пети, измијте ги стапалата под млаз млада вода и намачкајте ги со хидратантен крем во подебел слој.

Бања за детоксикација

Бањите за детоксикација се одличен начин да ги исфрлите непожелните насобрани токсини од организмот, што на кожата ќе ѝ го врати здравиот сјај и тонус. За оваа бања ќе треба да измешате 80-140 г сода бикарбона и 140 г сол во када наполнета со топла вода. Легнете во кадата, опуштете се и останете околу половина час во растворот, за да може добро да дејствува.

Сода за нега на нокти

Содата бикарбона можете да ја користите и за чистење нокти и плочки на нокти, бидејќи е одлична за отстранување на габичките кои често ги напаѓаат ноктите, особено на нозете. За чистење на ноктите, ќе треба да посипете малку сода бикарбона на ноктите и добро да ги истриете со четка (внимавајте четката да не биде премногу остра, за да не ја оштети плочката на ноктите).

За третман на габички на нокти, измешајте две лажички сода бикарбона и една лажичка вода, за да добиете паста, која ќе ја нанесете на целата површина на ноктот и на кожата околу него. Оставете ја да отстои десетина минути и повторувајте го третманот два до три пати дневно додека ги отстраните габичките во целост.

Маска против мозолчиња

Содата бикарбона е одлична и во борбата против мозолчиња и воспалителни процеси на лицето. Доколку имате проблеми со мозолчиња, акни и воспалителни реакции на кожата, содата е решението. По миењето на лицето, измешајте малку сода бикарбона со топла вода за да добиете паста што ќе ја нанесете на лицето.

Оставете ја да стои пет до десет минути и измијте ја со млака вода. Содата бикарбона не само што длабински ќе ви ја исчисти кожата и затнатите пори, туку и ќе ја омекне и ќе ѝ ги врати здравата боја и тонус.

Сода бикарбона – вашиот сојузник во животот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.