Славната убавица се фотографирала гола на 57 години без ниеден филтер: Тврди дека ништо не коригирала на себе, а изгледа како божица!

Вау!

Паулина Поришкова се соблекла гола на 57 години и покажала на дело дека дамите можат да бидат привлечни во која било доба од животот

Некогашниот супермодел Паулина Поришкова на 57 години изгледа како авион, а тврди дека никогаш ништо не менувала на себе, ниту правела какви било естетски корекции! Таа е заговорничка на природното стареење и сака да им застане на патот на предрасудите дека повозрасните жени не можат да бидат сексапилни.

Некогаш доминирала на модните писти, а сега сите ги воодушевува со храбрите постапки. Имено, неретко споделува фотографии на кои позира без ниту едно парче гардероба, шминка, па дури и има такви на коишто плаче! Максимално се труди да ги прикаже животот и изгледот најреално што може, на тој начин инспирирајќи бројни припаднички на понежниот пол кои се на слична возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

Паулина дефинитивно разбива табуа и не се грижи за коментарите. Неодамна објавила и книга „Без филтери: Добри, лоши и убави“ во која зборува за сето тоа што ја кочело, но става акцент и на она што ја поттикнува, како и на размислувања за светот во којшто живееме, за своето детство, кариерата, бракот…

Прекрасната Чехинка своето четиво им го претставила на следбениците на Инстаграм на многу интересен начин, кој покренал вистинска бура во медиумите! Имено, таа објавила фотографија на која е целосно гола, секако без ниту еден филтер, а интимните делови ги покрила токму со својата книга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

На фотографијата изгледа неверојатно и покажува како со голема гордост ги носи своите години, воопшто не обидувајќи се да биде помлада одошто е. А токму тука лежи и нејзината заводливост, занесот и свежината што ги носи со себе.

„Кога бев во моите 20-ти и 30-ти години, колку помалку облека носев на себе толку попопуларна станував. Во 40-тите можев практично да одам гола наоколу и немаше да добијам ништо повеќе од казна поради непримерно однесување во јавност. Но во 50-тите, ме навредуваат поради сè: ‘Облечи се бабо’, ‘Желна си за внимание, така?’, ‘Малку си очајна?’, ‘За гревота си’“, напишала Паулина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)


За потребите на книгата направила и сет фотографии на кои позира заводливо само во долна облека, докажувајќи дека сè уште ја краси истата енергија како на почетокот од кариерата. Поранешната манекенка повеќепати има истакнато дека сака да се разголува и да се фотографира така, а тоа го прави за инат на оние што сметаат дека постарите жени не треба да го слават и сакат своето тело.

„Зошто голотијата и сексапилот се забранети во нејзините зрели години, а добредојдени во младоста на жената? Поради мажите. Но единственото нешто што е патетично во овој случај е тоа да им дозволите на другите да ги одредуваат вашите приоритети“, заклучила оваа супержена.

Погледнете зошто Паулина важела за една од најубавите манекенки во светот…

Има 59 години и тело како на 20-годишна девојка: Деми Мур строго се придржува до овие правила!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.