Што се случува во нашето тело ако пиеме само вода 30 дена?

Испробајте го овој експеримент

Водата е единствениот пијалак што му е потребен на човечкото тело. Оваа изјава (уште еднаш) ја потврди истражувачот Крис Бејли, кој реши да провери од прва рака што се случува кога ќе се откажете од сите други пијалаци 30 дена без да ја менувате исхраната или вежбањето.

Внесувате помалку калории

Само на пример, шолја засладен чај содржи околу 150 калории, додека голема шолја кафе со млеко и шеќер има околу 250 калории, а чаша сок околу 300 калории. На крајот на експериментот, без да смени ништо во својата исхрана, Бејли тежеше два килограми помалку, а тоа е еден од доказите дека добиваме добар дел од нашите калории преку пијалаци.

Помал апетит

Поради шеќерот во разни пијалаци, нивото на шеќер во крвта се крева, а потоа и неговиот ненадеен пад, што резултира со изразено чувство на глад. Значи, не е изненадување што Бејли за време на неговиот експеримент забележал намален апетит.

Подобра концентрација и помалку главоболки

Кога телото е недоволно хидрирано, се појавуваат главоболки, намалена концентрација и замор.

Помал трошок

Сите други пијалаци чинат многу повеќе од вода, дури и ако ја купите во шише наместо да ја пиете од чешмата.

Подобро варење

Истражувањата покажуваат дека ако пиете околу половина литар вода наутро, ќе се разбудите порано и ќе согорите повеќе калории, но исто така ќе го забрзате варењето.

Почиста кожа

Иако Бејли вообичаено нема проблеми со кожата на лицето, тој забележа дека неговиот грб е значително исчистен од акните за време на експериментот.

Прочитајте и: Еве како да изградите тенка линија на долг рок

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.