Што ќе кажете за 3Д желе ноктите кои се нов хит за ова лето?

Кога следите некои од најпознатите уметници за нокти ширум светот на Инстаграм, честопати гледате одредена шема и дизајн на ноктите што се случува во одредена сезона, па можете да погодите некои од претстојните трендови.

Еден од нив дојде од Кореја и Јапонија, и веќе се шири на американскиот пазар, а тоа се 3Д желе нокти. Тие не се нешто на кое сте навикнати досега и навистина изгледаат како да сте залепиле гумени бонбони на вашите нокти. Не е нешто што не сме изненадени да го гледаме во Азија, но дека ќе започне да се шири толку брзо низ остатокот од светот, со оглед на тоа што овие се навистина впечатливи и непрактични маникири, мора да признаеме дека нè изненади и нас. Иако овој тренд сè уште не се шири во Европа, прашање на време е кога тоа ќе се случи, па подобро е веднаш да ве запознаеме со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nails By Fariha Ali (@nailjob)

Со оглед на тоа што овој тренд бара повисоко ниво на знаење и позадина во уметноста на ноктите, тешко дека ќе можете да го направите дома, бидејќи веројатно не секој салон ќе знае да го направи она што го сакате. Но, ако истражите и пронајдете уметник за нокти кој работи со гел, големи се шансите и вие да можете да го набавите. Станува збор за внимателно нанесување на многу слоеви млечен лак на кој тој постепено се гради и боја што е засилена со слоеви, додека облиците се создаваат од гелови и тенки четки за да го обликуваат она што сакате да го создадете, најмногу на вештачки, не на вистински нокти. Најпопуларните 3Д желе нокти се инспирирани од овошје, но не недостасуваат геометриски форми или животински мотиви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fleury Rose (@fleuryrosenails)

Прочитајте и: Како да го изберете вистинскиот кармин

 

ФОТО: Nic Tran / Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.