Рамен стомак без вежбање: Овие 8 трикови ќе ви помогнат со гордост да прошетате на плажа

Доколку сонувате за рамен стомак, овие совети се идеални за вас

Многу луѓе, иако се вити, имаат проблем со создавањето масни наслаги на стомакот.

Дури и ако немаат многу сало, изгледаат тркалезно, а виновникот за тоа е надуеноста. Но и од тоа можете да се ослободите ако внимавате малку повеќе на исхраната и на одредени навики.

Со помош на овие совети, ќе бидете подготвени за на плажа и со задоволство ќе ја покажете вашата фигура во костим за капење.

Консумирајте пробиотици

Во својата исхрана внесете ги пробиотиците за цревните бактерии да бидат во рамнотежа. Имено, кога во цревата ќе дојде до нарушување на количината на добри бактерии, тогаш доаѓа до создавање гасови, а со тоа и надуеност. Пробиотиците не се само одлични за дигестијата, туку и за подобрување на расположението и јакнење на имунитетот.

Намалете со солта

Внесувањето преголема количина на сол во организмот доведува до задржување на вода во телото, а со тоа и до таложење масни наслаги. Па така, ако сакате да го намалите обемот на струкот, но и на многу други делови од телото, намалете ја количината на сол во храната и набрзо вишокот течности ќе излезат од телото, а вие ќе почувствувате големо олеснување.

Не јадете со отворена уста

Џвакањето на храната со отворена уста поттикнува голтање воздух што предизвикува надуеност. Затоа, обидете се да јадете побавно  и дури откако ќе го голтнете залачето, отворете ја устата.

Одбегнувајте одредени производи

Ако сте склони кон надуеност, одбегнувајте намирници како што се грав, кромид, брокули и зелка, бидејќи тие поттикнуваат создавање на гасови во цревата. Заменете ги со јаболка, круши и дињи, бидејќи тие се богати со пектин, кој ја смирува дигестијата. Помагаат и црешите и портокалите.

Ѓумбирот, нането и морачот прават чуда за дигестијата

Истражувањата покажале дека морачот, нането и ѓумбирот дејствуваат смирувачки на дигестијата. Го зголемуваат нивото на дигестивни ензими, така што храната пократко се задржува во дигестивниот систем. Освен тоа, нането ги намалува гасовите и грчевите, додека ѓумбирот помага за мачнините. Морачот е природен диуретик што го спречува задржувањето на водата во телото.

Почесто јадете ананас

Ананасот е полн со бромелаин, ензим што ги разградува протеините, го забрзува метаболизмот и го намалува насобирањето на гасови во цревата. Консумирањето ананас го смирува дигестивниот тракт и овозможува подобра работа на вашиот желудник.

Помага и ферментираната храна

Ферментираната храна е исклучително корисна за здравјето на цревата и правилната дигестија. Таа го поттикнува размножувањето на добрите бактерии, како што се бифидобактериите и лактобацилите, па така создава голем извор на природни пробиотици. Освен што помага за намалување на гасовите, го поттикнува и создавањето на серотонин, хормон за среќа кој во најголемиот дел се создава во цревата.

Исправете се додека јадете

Обидете се правилното држење да го воведете во секојдневната рутина. Овој трик ќе ви помогне стомакот да ви изгледа порамно. Иако сигурно на почеток ќе мора да се исправите додека јадете, верувајте дека подоцна автоматски ќе ви премине во рутина.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.