Пред бразилска депилација не е лошо да се знаат овие пет работи

Бидете внимателни

Било кој вид на депилација може да биде непријатно и болно искуство за многумина, па затоа многу ретко се одлучуваат за популарната „бразилска депилација“. Бразилското отстранување на влакна е метод за отстранување на влакна со восок кое може да биде многу болно. Но, жените трпат многу за убавина.

Еве пет факти што треба да ги имате предвид ако се одлучите за бразилска депилација:

Постојат два вида на бразилско отстранување на влакна – само на подрачјето на бикини и комплетно, што значи дека восокот ги отстранува влакната на целиот интимен дел од жената, вклучувајќи влакна на задникот или околу анусот. Жените кои го практикуваат ова велат дека отстранувањето на влакната околу анусот најмалку боли.

Ако одлучите да одите кај експерт, мора да имате на ум дека ќе бидете во невообичаени пози за време на депилацијата затоа што треба да се достигне секое влакно. Исто така, тие ќе треба да ве допрат на сите делови на вагината за целосната депилација да биде успешна.

После депилацијата, ќе се чувствувате непријатно некое време додека пешачите или уринирате. Исто така, урината нема да излезе во поток некое време, но повеќе некако дисперзирана. Но, сето тоа ќе помине брзо.

Заборавете на сексот најмалку 24 часа по депилацијата, како и секоја физичка активност. Може да се обидете, но брзо ќе се откажете затоа што нема да ви биде пријатно. Имено, кожата е многу иритирана и особено чувствителна откако ќе ги отстраните влакната, а потта ѝ пречи и може да предизвика воспаление. Исто така, избегнувајте ја сауната, солариумот, пливањето во базен и тесната облека.

Минималната должина на влакната пред депилацијата треба да биде околу 1,5 центиметри за да може да се држи до восокот и да се извлече. После депилацијата, нанесете гел од алое вера што ќе ја смири иритираната кожа.

Прочитајте и: Масло од морков: Одлично за секоја возраст и за секој тип на кожа

 

ФОТО: Getty Images

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.