Оживејте ја сувата кожа: Пилингот и богатата хидратација се клучни чекори, а ова се нашите омилени производи

Еден од чекорите за нега на кожата што многумина го прескокнуваат е пилинг на кожата. На кожата лошо влијаат секојденвните надворешни фактори како што се загадувањето на воздухот, временските услови како студ, ветер или сонце, но и производите што ги користиме на кожата секој ден. Сите овие околности влијаат на кожата, па затоа има акни, мрсна кожа, дехидрираност, запушени пори и сив тен, за среќа постои пилинг.

Пилингот ги отстранува мртвите клетки на кожата, правејќи ја помека, посјајна и подготвувајќи ја за хранливи материи од креми и серуми.

Овој чекор во негата е многу едноставен, практичен и ефикасен, а најдобри резултати ќе видите кога ќе го проследите со производ за богата хидратација на кожата на телото која е особено значајна во овие студени денови.

За таа цел, ви ги препорачуваме Cuccio Naturalé производите – природна козметика за убава и негувана кожа.

Cuccio Naturalé Scrub

Екстра фин пилинг кој обезбедува богата хидрација помагајќи да се отстранат мртвите клетки на кожата од површината. Богат со минерали и природни морски соли кои прават нежен пилинг, ја оставаат кожата помека и свиленкаста. Oдличен за рацете, телото и стапалата. Природните соли од Мртво море и етеричните масла кои се раствораат брзо, ја оставаат кожата мека во текот на денот. Овој пилинг со сигурност ќе ги смири вашите сетила! Морските соли првин прават благ пилинт, а потоа ја полираат кожата. Овој ароматичен пилинг има зрна кои ги отстрануваат мртвите клетки од површината на кожата покривајќи ја со богати хранливи материи кои ја оставаат еластична, сјајна и млада.

Изработен од професионалците за убавина, без парабени и збогатен со витамин Е, бадем и масло од авокадо, заедно со есенцијалните масла за да овозможи ароматично, мирисно спа – искуство.

Оваа мешавина од лаванда и камилица е дел од нашите луксузни спа производи на Cuccio Naturalé, кои вклучуваат мешавина од путери, пилинзи, масла за кутикули и лосиони. 

Cuccio Naturalé butter

Интензивен, дневен хидрантен третман без мрсна хидратација за совршено свиленкаста мазна кожа. Гучио путерот е фантастичен производ за третман на вашите раце, телото и стапалата особено во овие зимски денови. Патентираната формула ослободува навлажнувачки емолиенти секои два часа за 24 – часовна хидратација, давајќи десет пати поголема навлажнувачка моќ од лосионите. Неговата уникатна формула е создадена да ја направи вашата кожа здрава и хидрирана во текот на целиот ден.

Овозможете ѝ ја на вашата кожа негата што ја заслужува со Cuccio Naturale, нашата #BEAUTY ЅВЕЗДА ВО КАТЕГОРИЈА: НЕГА НА ТЕЛО. 

 

ФОТО: Getty Images, PR

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.