Откриваме сѐ за целулитот: Не трошете богатство на третмани – само вака можете да го отстраните!

И мажите го имаат!

Имате целулит? Не сте сами – ова е проблем што го имаат 90% од жените, вклучувајќи ги и оние што се во одлична форма

Сепак, колку и да е распространет, сѐ уште има многу лажни информации за тоа што е всушност целулит, зошто настанува и како да го отстраните. Па така пред да се обвините себеси, да купите пакет третмани или да потрошите цело богатство на разни кремови, прочитајте ги овие факти и дознајте што можете да очекувате.

Целулитот го предизвикуваат токсините во телото – НЕТОЧНО

Некои козметички препарати тврдат дека ќе го прочистат телото од токсини. Можеби, но тоа нема ништо да направи во однос на целулитот. Научно докажано е дека целулитот настанува кога масните наслаги ќе пробијат низ слојот на сврзно ткиво под кожата (најчесто на глутеусот и задната ложа, но и на надлактиците, стомакот). Сврзното ткиво ослабува како последица на дејството на хормоните, недоволна физичка активност и недостиг на мускулна маса, вишок масти и лоша циркулација, но ништо од тоа не се токсини.

Жените почесто имаат целулит од мажите – ТОЧНО

Ова е уште еден доказ дека хормоните играат пресудна улога во неговата појавата. Жените се генетски предодредени да складираат повеќе масно ткиво околу стомакот и задникот, а имаат и помалку сврзно ткиво за да го држат под контрола. Се проценува дека вкупно околу 10% од мажите имаат целулит.

Целулитот се влошува со текот на годините – ТОЧНО

Повторно се враќаме на улогата на хормоните. Со текот на годините, женското тело произведува помалку естроген, а помалку естроген значи полоша циркулација и намалено производство на колаген, како и ослабување на сврзното ткиво.

Целулитот можеби ви е во гените – ТОЧНО

Докажано е дека целулитот се пренесува во семејството. Ако мајка ви и баба ви имале целулит, постојат многу поголеми шанси дека и вие ќе имате. Во Америка дури постои и тест со кој се одредува колкава ви е генетската предиспозиција да го добиете, но со оглед на тоа што повеќето жени во текот на животот добиваат целулит, овој тест и не е толку веродостоен. Но ако спаѓате во онаа мала група среќнички чии роднини имаат мазни нозе – не опуштајте се. Генетиката е само едно делче од сложувалката: факторите како што се исхрана, вежбање и начин на живот исто така играат голема улога.

Целулит имаат само луѓето кои не се во форма – НЕТОЧНО

Тоа што некој има вишок килограми прави целулитот повеќе да се гледа – колку повеќе масти има под кожата толку поголема е веројатноста дека ќе се оптовари сврзното ткиво. Но целулитот ги погодува жените со сите облици и големини. Сетете се само колку пати сте виделе професионални спортистки со целулит на нозете.

Вежбањето ја намалува појавата на целулит и тоа колку се гледа – ТОЧНО

Вежбањето не може да го отстрани целулитот, но може да направи тој помалку да се гледа. Зајакнувањето на сврзното ткиво, согорувањето масни наслаги и подобриот тонус на мускулите, сето тоа заедно влијае врз самиот корен на проблемот. Вежбите јога и пилатес кои се фокусираат на задникот и на бутовите, како и вежбите за сила, ќе ги изградат мускулите и ќе ја подобрат циркулацијата. Кардиото е корисно за држењето на тежината под контрола, но ако сакате обликувано тело, мора да правите вежби за сила.

Кремовите за затегнување на кожата го отстрануваат целулитот – НЕТОЧНО

Без оглед на тоа што пишува на етикетата, не постои топикален крем кој може трајно да го намали целулитот, а камоли целосно да го отстрани. Кремовите што содржат ретиноид можат да дадат привремени ефекти, бидејќи можат малку да ја измазнат површината на кожата, а препаратите кои содржат кофеин, ѓумбир, црн и зелен чај, можат да помогнат околу исфрлањето вода, а тоа не е исто што и разбивање на целулитот.

Филерите можат да ја израмнат кожата – ТОЧНО

Дермалните филери кои се користат главно за враќање на волуменот на лицето можат да помогнат да се израмни површината на кожата. Само бидете свесни дека тоа како да ставате шлаг врз лошо излезена торта: проблемот и понатаму останува и ќе се појави за некој месец.

Некои неинвазивни процедури имаат ефект – ТОЧНО

ЛПГ, ласерите и техниките на масажа засновани на лимфна дренажа со години се користат за намалување целулит и докажано даваат резултати. Овие резултати, за жал, не се трајни и потребно е редовно одржување, но секако се подобра инвестиција од прескапи кремови. Очекувајте минимум десет до петнаесет третмани за да добиете видливи резултати, а потоа потребно е одржување еднаш месечно.

Липосукцијата го отстранува целулитот – НЕТОЧНО

Доколку целулитот ви е главен проблем, липосукцијата не е решение. Напротив, може да се случи кожата да има повеќе нерамнини по интервенцијата отколку претходно. Постои причина зошто пластичните хирурзи препорачуваат ЛПГ третмани по липосукција.

Некои намирници помагаат во борбата против целулит – ТОЧНО

Самата исхрана не може да одреди дали и колку целулит ќе добиете, но сако своите оброци ги планирате во согласност со антивоспалителна диета, телото ќе ви биде благодарно на сите полиња, па и на ова. Покрај тоа, многу е важно да бидете добро хидрирани, бидејќи така ќе го сочувате сврзното ткиво од пропаѓање. Гледајте да јадете повеќе зеленчук, како што се краставици, рдоква, домати и бабури, кои како и многу други зеленчуци и овошја, содржат повеќе од 90% вода.

Облеката што ја носиме има влијание врз целулитот – НЕТОЧНО

Чорапите и хеланките кои затегнуваат имаат исклучиво моментален ефект и нема да остават никаква трага, дури ни кога ќе ги соблечете. За жал, може да имаат и контра-ефект: еластичните ткаенини долгорочно можат да придонесат за тоа целулитот да биде повидлив ако ја спречуваат циркулацијата и го ограничат протокот на крвта.

Пушењето влијае врз видливоста на целулитот – ТОЧНО

Никотинот ги стеснува крвните садови и ја отежнува циркулацијата, го ослабнува и го нарушува производството на колаген, што влијае врз тоа сврзното ткиво да ослаби. Па така, и масните наслаги ќе бидат повидливи.

Најмоќната вежба за бутови и задник: Го разбива целулитот, ги топи маснотиите и ги затегнува мускулите за 2 недели! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.