Некогаш беше најпожелната жена на светот: Револуционерната манекенка видно се опуштила!

Изгледа малку поинаку

Била прогласена за сопственичка на совршената фигура

Своевремено, Кели Брук беше изгласана за жена со најпожелното тело на планетата од страна на машката публика, а оваа теорија била поткрепена и со истражување од Универзитетот во Тексас, во рамки на кое оваа Британка била прогласена за сопственичка на совршената фигура.

Во 2016 година тоа било еден вид револуција, бидејќи уште тогаш Кели беше далеку од наметнатите стандарди и класични слабички девојки, а ја красеа бујни гради, широки колкови и поголем задник.

https://www.instagram.com/p/BxW0yhpnNam/?utm_source=ig_embed

Многумина го поздравија овој избор, бидејќи едноставно ги поместил границите, но од друга страна, имало и критики дека Кели сепак има повеќе килограми одошто би требало.

Без разлика на тоа, Кели уживала да го покажува своето тело и атрибути, а нејзината фигура, самодоверба и широка насмевка, навистина никого не го оставале рамнодушен.

Но денес, работите стојат поинаку. Кели сепак има неколку килограми повеќе во споредба со периодот пред три години, но и понатаму гордо ги носи и изгледа задоволно во своја кожа.

https://www.instagram.com/p/BxzsgVUH_Mz/?utm_source=ig_embed

Таа неодамна била фотографирана на луксузна јахта во Палма де Мајорка, каде што моментално ужива на одмор со дечкото Џереми Парис, а очигледно е дека атрактивната бринета ставила стомаче.

„Јас навистина не сум слаба девојка и навистина многу сакам да јадам. Имам големи гради и тоа не би го менувала за ништо. Сфатив дека сите се опуштаме по малку кога ќе влеземе во триесеттите. Уживаш во животот и своето тело“, рекла своевремено 39-годишната Кели.

https://www.instagram.com/p/BwgyTkrhHAh/?utm_source=ig_embed

Интересно е тоа што Брук неодамна сепак изјавила дека сака да ослаби. Иако навистина е задоволна од себе, би сакала да го направи тоа од здравствени причини, пред се’, но и поради притисокот од околината.

Таа моментално практикува специфичен режим на исхрана, а истакнала дека планира да се придржува до него и наредна година, односно дека не брза со резултатите.

„Знам само дека се расплакав кога видов дека некој напишал: ‘Кели Брук изгледа како да ја изела Кели Брук’, или кога луѓето генерално се прашуваат што ми се случило. Коментарите од типот: ‘Ете, а некогаш беше многу згодна’ ме убиваа во поим“, признала таа неодамна.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.