Научниците тврдат дека постои ген за слабеење

Научниците веруваат дека откриле ген кој им помага на слабите луѓе да не добиваат на тежина, потенцијално отворајќи нови можности во третманите за решавање на дебелината.

Меѓународен тим научници идентификуваа генетска варијанта, единствена за слаби лица, позната како ген АЛК. Патем, овој ген создава протеин наречен анапластичен лимфом киназа, кој е вклучен во растот на клетките.

Истражувачите прегледале примероци на ДНК и клинички податоци од повеќе од 47.000 здрави луѓе на возраст помеѓу 20 и 44 години, од естонската банка за генетски примероци. Генетските мапи се направени за секој со индекс на телесна маса под 18 и откриено е дека имаат генетска комбинација што е во корелација со виткоста и отпорноста на зголемување на телесната тежина.

За да ги потврдат овие резултати, научниците спроведоа експерименти врз овошни мушички и глувци. Откриле дека кога поединците го избришале овој ген, имале помала телесна тежина. Глувците биле хранети со брза храна и откриле дека оние без генот АЛК остануваат слаби, додека вторите се дебелеат.

Секако, утврдената корелација не е доволен доказ за постоење на кауза-последична врска, потенцираат авторите на студијата. Но, истражувачите претпоставуваат дека овој ген, кој игра значајна улога во нашиот мозок, му кажува на телото колку маснотии да согорува и како да ги користи своите резерви на енергија.

Сепак, засега е воспоставена само директна врска кај овошните мушички и глувците, но не и кај луѓето. И покрај фактот дека улогата на генот АЛК е детално проучена во случај на рак, научниците признаваат дека сè уште е нејасно нивното разбирање за неговото влијание врз човечката физиологија. Ова откритие ги охрабрува да продолжат со истражувањето.

Дури и ако се воспостави јасна врска помеѓу мутациите на генот АЛК и отпорноста кон дебелеење, веројатно е дека тоа е само дел од многу поголема комбинација на генетски фактори – како што сугерираа претходните истражувања.

Прочитајте и: Тренинг за совршени и цврсти раце

 

ФОТО: Pixabay

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време