Направи сама: 3 маски за нежни и негувани дланки

Дланките се дел од телото што најчесто го користиме, поради што тие често стануваат суви и груби. Овие природни маски можат да ви помогнат да имате убави дланки.

Маска од палента

Измешајте 230 мл врела вода, 70 грама палента и 150 мл глицерин. Нанесете ја смесата на вашите раце и исплакнете ја после десет минути. Маската можете да ја нанесувате секој трет ден. Оваа маска делува како нежен ексфолијант и ја хидрира кожата.

Прочитајте и: Како да направите мирисот на парфемот да трае колку е можно подолго

 

Маска од компир

Згответе два до три компири со средна големина и изматете ги како кога правите пире од компири. Додадете млеко за да направите мека смеса. Нанесете ја топлата мешавина на вашите раце. Кога смесата ќе се олади, исплакнете ја со млака вода и нанесете го омилениот крем за раце. Маската можете да ја нанесувате секој ден, а одлична е и за сувата кожа на рацете бидејќи дава влага.

Маска од овес

Измешајте пет лажици овесна каша, две лажици мед, една лажица маслиново масло и една лажица млеко. Промешајте додека не се добие мека паста и потоа нанесете ја на рацете. За да го постигнете најдобриот ефект, облечете памук ракавици и исплакнете со млака вода после половина час. Оваа маска ја чисти и хидрира кожата. Нанесувајте по потреба.

Домашна нега: Како да се опорават ноктите после гел-лак

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.