Најактуелните третмани за нега и убавина во салонот со 5 ѕвезди Pleasure

За третманите што се најактуелни во овој период од годината разговаравме со Едина Колашинац, сопственичка на салонот за убавина Pleasure

Напролет на нашата кожа ѝ е пред сè потребно освежување и заштита од сонцето. Од нашето многугодишно искуство со голем број задоволни клиентки, како најомилени се покажале освежителниот третман за лице, кој е погоден за секаков тип кожа, а особено дехидрирана. Третманот ѝ ги враќа влажноста и свежината на кожата на лицето и ја зголемува циркулацијата.

Друг погоден третман е криолифтинг, прочуен како најинтензивна мезотерапија, која без хируршки зафат и боцкање го подобрува тонусот на кожата и ја подмладува. Со криотретманот се врши масажа на лицето со ледена сонда (-18 степени), која овозможува оптимален доток на кислород до самите клетки.

Јас на мојата кожа редовно ѝ ја пружам оваа нега, бидејќи мојата девиза отсекогаш била дека на друга жена не ѝ нудам нешто што не би го направила за себеси.

Кои се најефикасните третмани за слабеење и против целулит?

Тврдам дека секоја од нас, без разлика на години и килажа, некогаш во животот доаѓа во ситуација да се бори со целулит. Особено во пресрет на летните месеци сите сме во потрага по брз и ефикасен начин за овој „женски” проблем. Нашиот салон ја нуди мадеромасажата за трајно ослободување од целулитот. Истиот ефект се постигнува и со BHS-третманот на начин што со вакуум се извлекува целулитот на површината и потоа се разбива. Тоа што нам жените ни е најбитно е дека резултатите се видливи уште по првиот третман. Со малку упорност и серија BHS-третмани, ќе се збогувате со целулитот засекогаш.

ХимФу-третманот, пак, за разлика од радикалните диети и гладувања, кои најчесто предизвикуваат само привремено губење на водата од нашето тело, помага директно да се топат маснотиите. Така и резултатот што го постигнуваме е траен.

Што препорачувате како третмани против стареење?

Без дилема, OPERA-маската! Среќна бев што можев себе и на моите клиентки да им го пружам третманот кој го обожаваат врвни холивудски ѕвезди како Џесика Алба, која е позната по беспрекорниот тен и кожа, Кејти Пери и – на изглед – вечно младата Џенифер Лопез! Не претерувам ако речам дека и веднаш се добива блескаво лице! Иако уште по првиот третман има видлива разлика, по неколку дена од третманот, жената го гледа целосниот ефект: проѕирна, затегната и здрава кожа.

Стареењето на кожата секако е природен процес на кој не е имуна ниту една жена. Легендарната Коко Шанел во една пригода рекла дека „Природата ви го дава лицето што го имате на 20 години, животот ви го обликува лицето што го имате на 30, а на 50 години го имате лицето што си го заслужувате”. Во таа смисла, јас секогаш ги поттикнувам девојките рано да почнат да се грижат за својата кожа, почнувајќи од тинејџ-третманите, повеќе заради стекнување навика да водат сметка за себе отколку заради реалната потреба во битката со мозолчињата. Без разлика на возраста,  длабинското чистење на кожата за мене лично е задолжително! Ако дополнително сакате комплетно освежување заблескав тен, секогаш би го надградила со окситретманот за лице – зашто убавата и негувана кожа се заслужува!

Нешто за третманите за нега како јапонско исцртување на веѓите, зошто е особено погодно за периодот што следи кога сите сакаме да носиме помалку шминка?

Прво, треба секому да му биде јасно дека веѓите се оние кои го даваат карактерот на лицето. Не сите сме од природа надарени со убаво дефинирани и густи веѓи, па со јапонското исцртување на веѓи ние ѝ помагаме на природата.

Со оглед на тоа дека влакненцата на веѓата внимателно се исцртуваат во правец на нејзиниот раст и пигментот кој се аплицира на површинскиот слој на епидермисот се врзува за клетките на тој слој и го дели нивниот животен век, особено е важно да се работи прецизно и со квалитетен пигмент соодветен на тенот и косата на клиентката. Сè што користиме во нашиот салон е од врвен квалитет, а тоа особено е видливо според резултатите од ваквитретмани.

Во летниот период кога поминуваме доста време на сонце кое нетрпи силна шминка, на убаво исцртаните веѓи пожелно е да додадеме и свилени трепки кои се лепат на природните, ги згуснуваат, издолжуваат и го акцентираат окото. Тие се апсолутно безбедни и водоотпорни!

Најубаво е да се уверите и самите во она што јас одамна го практикувам. Ќе ми биде задоволство во скоро време да Ве пречекам во салонот.

Салонот Pleasure се наоѓа на ул. Мирче оровчанец бр.25, лок.2 – Скопје, тел.: 02/3118-148, мобилен: 075 283 000, веб-страница: www.pleasure.com.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.