Моника Белучи објавила фотографија на која е без градник: Зрела жена свесна за својот раскош и убавина

Убавица!

Позирајќи за германскиот магазин Madame, Моника Белучи ги покажала своите бујни природни гради во проѕирна маица со светки

Моника Белучи привлекла внимание со своите разголени фотографии кои излегле на насловната страница на германскиот магазин Madame. На нив актерката е облечена само во проѕирна светкава маица и црни панталони. Под маицата не носи градник, па нејзините бујни и природни гради дошле до израз.

Моника е една од ретките актерки која се труди да остари што поприродно. Иако ѝ се достапни најдобрите третмани за нега на лицето и телото, таа не претерува и не е опседната со подмладувањето, а тоа го има потврдено велејќи:

„Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш не сум била премногу слаба, едноставно таква сум. И сакам да остарам на мирен начин. Кога имаш 50 или 60 години, ги немаш истите потреби како кога имаш 20. Се менуваш. Кога ќе дојде бебе во твојот живот, првото нешто што го гледаш е тоа. Ние се ставаме на второ место. Тоа ни дава некоја друга перспектива“, раскажала таа.

Таа ѝ има дадено предност на својата ќерка Дева, а за тоа сведочат и сите нејзини ангажмани каде што верно ја следи токму Моника, која по малку ја запоставила својата кариера и им се посветила на ќерките.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.