Моќта на пилинзите: Можат да ги решат проблемите со кожата!

Вашето тајно оружје

Поевтини од ласерот и поефикасни од вашето секојдневно средство за чистење, хемиските пилинзи – професионални или во домашни услови – можат да ги решат проблемите со кожата. Сметајте ги за свое тајно оружје!

Повеќето дерматолози се согласуваат дека хемискиот пилинг е многу побезбеден од рачниот пилинг. Првиот ја обновува кожата отстранувајќи ги мртвите слоеви и навлегувајќи во подлабоките, каде што ги стимулира обновувањето на клетките и чистењето на порите, а им помага и на другите козметички средства да бидат поефикасни.

Рачниот пилинг подразбира употреба на четка и пилинг за измазнување на кожата.

И двата имаат свое место во рутината за разубавување, а ништо не може да се спореди со блесокот на кожата по пилингот. Во продолжение ви претставуваме краток водич низ светот на овие козметички средства.

ВО САЛОН

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ

Професионалниот пилинг што го применува дерматологот е посилен од домашните алтернативи, што значи дека дава подобри и побрзи резултати. Неговата примена трае само 10 минути, а повеќето луѓе се определуваат за 3-6 третмани, најчесто во растојание од две до четири недели.

Експертите предлагаат практикување годишен пилинг за одржување, а лицата со мрсна кожа можат да толерираат почеста употреба.

ВРЕМЕ ЗА ПАУЗА Магијата почнува да дејствува штом активните состојки доаѓаат во допир со кожата, но вашата кожа нема да почне да се менува следните 48-72 часа. Можеби веднаш ќе забележите црвенило, кое ќе исчезне првиот ден, а можно е да почувствувате воспаление и јадеж (како при изгореници од сонце вториот или третиот ден).

Кога кожата ќе почне да ви се лупи, немојте да ги корнете лушпите! Тоа може да предизвика рана, која би можела да се воспали.

РЕЗУЛТАТИ Очекувајте кожа мазна на допир, видливо посветла и пополна. Порите ќе се намалат, вашиот тен ќе стане рамномерен, а лузните ќе избледат. Пилингот е четирикратна закана за прераното стареење на кожата. Помага во случај на кафени дамки, ситни линии, брчки и опуштеност.

ВО ДОМОТ

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ

Пилинзите „направи сама“ се одлични за неделно ресетирање. Доаѓаат во пониски концентрации, така што можете да почувствувате евентуално нежно пецкање поради дејството на активните состојки, а можеби и не. Сепак, овие состојки не треба да се користат секој ден или повеќе од еднаш во неделата. Во спротивно, вашата кожа ќе изгледа безживотно, суво, а можна е и појава на акни.

Исто така, ќе биде поосетлива на сонце.

ВРЕМЕ ЗА ПАУЗА Не е потребно. Всушност, можна е појава на црвенило, кое исчезнува по 10 минути (само нанесете го пилингот пред спиење!).

Остатокот од вашата рутина за разубавување треба да биде минимален и да го примените најмалку 24 часа по нанесувањето на пилингот (без употреба на ретиноид).

РЕЗУЛТАТИ Дури и нежните пилинзи ќе стимулираат производство на нов колаген и повторен раст на здрави клетки, што резултира со помазна кожа и блескав тен. Се разбира, овие пилинзи едноставно никогаш нема да бидат силни како оние што се применуваат во салоните.

Пилинзите одблиску!

Овие моќни состојки ќе ги најдете и во медицинските и во домашните пилинзи, но во различни концентрации. Се разбира, повисоките концентрации бараат и поголемо внимание

Бета-хидрокси киселина (БХА)

Ги одзатнува порите и ги отстранува лезиите на акни. Салицилната киселина е најчеста.

Алфа-хидрокси киселина (АХА)

Обично се користи за спречување на стареењето. АХА-киселините, како што се гликолната, млечната и бадемовата, ги намалуваат дамките и ги ублажуваат брчките.

Овошни ензими

Добиени од папаја, тиква и ананас, овие нежни ензими ѝ обезбедуваат моментален сјај на кожата.

Трихлороцетна киселина (TCA)

Навлегува длабоко во кожата и е ефективна алатка за третман на лузни. Доста е силна (!), па треба да се дава во ординација.

У&З-ИЗБОР:

1 ЗА ЧИСТА И БЛЕСКАВА КОЖА LA ROCHE-POSAY EFFACLAR MICRО PEELING (930 ден.).

Благодарение на внимателно избраните состојки, кои ја прават текстурата на кожата мазна, La Roche-Posay Effaclar Micrо Peeling интензивно ја чисти мрсната кожа, длабоко ги блокира порите и го отстранува вишокот себум.

Ги намалува упорните и долготрајни неправилности, вклучувајќи ги и дамките, и дејствува превентивно.

2 ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ТЕНОТ И НАМАЛУВАЊЕ НА БРЧКИТЕ: Anesi Beaute Cellular 3 Glycolic Peel, (1.430 ден., shop.depileve.mk)

Нова генерација пилинг, кој ја комбинира гликолната киселина со енкапсулирана АХА (Alpha Hydroxy Acid) за намалување на дебелината на слојот на кожата стратум корнеум, кој за ефект има осветлување на тенот и намалување на брчките.

3 ПРОТИВ СТАРЕЧКИ ПЕГИ И ТЕМНИ ДАМКИ: ноќни пилинг-ампули Vichy Liftactiv Specialist Glyco-C, 10 х 2 мл, (1.599 ден.)

Против старечки пеги и темни дамки, нерамномерен тен и недостиг од сјај.

  • Хипоалергенски производ
  • Содржи вулканска вода „Виши“
  • Висококонцентрирана формула
  • Без мирис

Во текот на ноќта:

  • Ја осветлува кожата и врши ексфолијација
  • По еден месец: ги намалува темните дамки
  • По два месеци: ја намалува појавата на пигментациски дамки

4 ЗА ЗАТНАТИ ПОРИ: пилинг Eucerin Dermo Pure, околу 650 ден.

Пилинг Eucerin Dermo Pure за мрсна и проблематична кожа на лице. Пилингот со млечна киселина и микрочестички за чистење на порите нежно ги отстранува мртвите клетки од кожата, без да ја оштети. Нежно ја чисти кожата и ја отстранува шминката.

По третманот, порите се чисти, количеството на нечистотии и црни точки е намалено, а кожата е забележливо помека.

5 ПРОТИВ МРСЕН СЈАЈ НА ЛИЦЕТО: гел за чистење лице Biotherm T-Pur Anti Oil & Shine (1.282 ден.)

Ги намалува несовршеностите на кожата и ја ослободува од честичките од загадувањето. Благодарение на уникатната текстура, овој пилинг лесно се раствора (топи) и ја има моќта за прочистување на француските морски соли.

Микрочестичките што се наоѓаат во ултрамоќната и трансформативна гел-формула се засилени со лековитата моќ на Life Plankton™.

6 ЗА МАЗНА И МЕКА КОЖА: Bioten Red Berries

Пилингот за лице Bioten Red Berries содржи 100% природна брусница и мечкино грозје, семе од киви и е збогатен со пребиотици. Ефикасно ги чисти порите, отстранувајќи ги нежно себумот и мртвите клетки од површината на кожата.

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.