Масажа со јаболка ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ

Испробајте една многу корисна но заборавена процедура, која го подмладува телото – суштината е во јаболковиот сок, кој ја храни кожата со витамини

Нашата читателка Ирина Гороховик открива интересен начин да се ослободиме од несаканиот целулит.

Сакам со вашите читатели да споделам супермасажа со јаболка. Не само што го подмладува и го прави телото поздраво туку помага и во борбата со целулитот.

За еден третман се неопходни пет зрели сочни јаболка, со средна величина. Секое пресечете го наполу и ставете го во сад со врела вода на две минути.

Со загреаните половинки од јаболката интензивно тријте го целото тело. Кога ќе остане малку сок, исечете го горниот слој и продолжете додека можете да го држите јаболкото. Потоа истуширајте се со топла вода и нанесете хидратантен крем. Самомасажата спроведувајте ја еднаш неделно.

Кожата буквално изгледа влажно и станува поеластична. Ова го практикувам веќе една година и мислам дека јаболката се одличен домашен масажер.

Коментира лекарката Јана Сергеевна Потапенко, Минск

Оваа процедура е заборавена, но многу корисна. Најважно е јаболката да бидат зрели, сочни, тврди и, по можност, еколошки одгледани.

Механизмот на оздравување е следниот: јаболковиот сок постепено се впива во кожата и ја храни со витамините Б и Ц и со железо, што ја зголемува нејзината еластичност. А пептидите што се наоѓаат во пулпата на ова овошје го активираат процесот на чистење на кожата од токсините.

За поголем ефект дневно можете да пиете чаша свежо цеден јаболков сок (со додаток од мед). Од непријатните чувства единствено се јавува лепливост на кожата, но сето тоа се решава со топол туш.

Веќе по првата процедура ќе забележите дека кожата е поеластична и посвежа.

Извор: „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.