Користење минатогодишно средство за заштита од сонце: Дали е тоа добра идеја?

Обрнете внимание

Како да препознаете дали ланските кремови и лосиони за сончање се добри за употреба и оваа година?

Проверете го датумот на истекување

Кремовите за сончање ја намалуваат својата ефикасност по три години, но само ако никогаш не сте ги отвориле. Токму тоа е датумот на истекување, испишан на пакувањето. Повеќето производи содржат конзерванси кои ќе дејствуваат и по истекот на рокот, но нема да имаат голема заштитна моќ кога се изложени на сонце. Ако се сомневате, најдобро е да го фрлите стариот крем и да купите нов – особено ако имате многу светол тен.

Подалеку од отворените пакувања

Ако само неколку пати го употребивте кремот за сончање минатата година и не го изложувавте на сонце и високи температури, можете да го користите безгрижно. Но размислете внимателно за тоа каде сте го чувале.

Ако со месеци стои на топло и влажно место, фрлете го – топлината може да ги уништи состојките што имаат функција за заштита од сонце. Ќе знаете дека веќе не е корисен дури и ако забележите дека ја променил бојата или има грутки.

Паметно складирајте 

Чувајте ги прозиводите на ладно, темно место – никогаш во бања каде е влажна и топла после туш, што секако не е добра состојба. Ви предлагаме кремите да ги складирате во пластични кеси со патент и да ги чувате во плакарот.

Користете ги!

Доколку на почетокот на летувањето купите крема за сончање и ако користите доволно количество со секоја апликација, треба да ја потрошите пред да заминете дома. Лекарите препорачуваат количина од 30 грама лосион за целото тело.

Ако користите спрејови, неопходно е да се прска додека не ја покриете целата површина на кожата. Кога станува збор за лицето, треба да користите крем со заштитен фактор во текот на целата година, што значи дека во просек треба да купувате нов секој месец или два.

Вашата цел ова лето – да не оставате никакви креми за следната сезона!

Прочитајте и: Дали сте подготвени за шик летен маникир?

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.