Како се менува вагината низ годините: Најголемите промени се случуваат по 40-тите години!

Промените се сосема нормални!

Годините влијаат на целиот организам, но и на телото

Нормално е тоа што нашето тело се менува во текот на животот. Се појавуваат брчки на лицето, косата станува сè потенка, а се јавува и по некој килограм вишок на колковите. И нашите полови органи се менуваат со текот на времето.

Во продолжение, ќе ви објасниме како се менува вагината! Притоа, под поимот „вагина“ не мислиме на надворешноста на половиот орган. Внатрешните и надворешните срамни усни и клиторисот се нарекуваат вулва. Вагина е областа што се наоѓа 8-12 сантиметри во внатрешноста.

Вагината во 20-тите години

Вагината и вулвата по пубертетот се целосно оформено. Вулвата сè уште е многу затегната, исто како и кожата на 20-годишните девојки. Со текот на годините се менува еластичноста. Покрај тоа, не постојат две исти вулви. Дали надворешните усни ги покриваат внатрешните, тоа е различно кај секоја жена.

Вагината во 30-тите години

Еластичноста на надворешните и внатрешните срамни усни попушта. Освен тоа, честопати добиваат потемна боја. Особено се видливи промените кај жените кои родиле. За време на бременоста, вагината и вулвата се растегнуваат. Некои жени исто така тврдат дека имаат поголема желба за секс. Во тој период, женскиот полов орган има благо синкава боја. По породувањето, повторно се стеснува. Стравот дека ќе биде „преширока“ за пенисот на партнерот е неоснован, без разлика на големината и опсегот на пенисот. Вагината е еластична како гумена лента и се враќа во „почетната положба“.

Вагината во 40-тите години

Помеѓу 40-тите и 50-тите години, многу жени влегуваат во менопауза. Тогаш се намалува и производството на хормонот естроген. Тоа може, но не мора, да предизвика потенка и почувствителна кожа на вагината.

Како што мажите во втората половина од животот може да имаат проблеми со ерекцијата, жените може да произведуваат помал секрет при сексуалната возбуденост. И покрај тоа, не треба да се плашите. Жените сè уште може доволно да се навлажнат со подолга и поинтензивна предигра. Важно е мажите да разберат што се менува кај жените во менопауза. Тогаш и заинтересираноста за секс нема да се намали!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.