Како да ја негувате распуканата кожа на вашите раце и стапала?

Кои се причините за распукана кожа на рацете, прстите и стапалата?

Редовната негана кожата на рацете, прстите и стапалата ќе ви помогне да ја заштитите кожата од исушување и распукување

Кога кожата ќе стане многу сува, таа може да распука. Распуканата кожа често се среќава на рацете и стапалата, особено на прстите, палците, зглобовите и петите.

Кои се причините за распукана кожа на рацете, прстите и стапалата?

Најчеста причина за површински или подлабоки распукувања на кожата е преголемата сувост. Има многу различни фактори коишто можат да доведат до пресушување на кожата, како на пример:

  • Генетички причини: некои од нас се посклони кон сува кожа од други.
  • Времето: сувата кожа е често среќавана во студениот период. Намалената влажност надвор, зголеменото централно греење во просториите и постојанaта изложеност на двете средини, предизвикува загуба на влагата од кожата.
  • Начинот на којшто се однесуваме кон нашата кожа: при некои професии (тие коишто бараат рачен труд и/или често миење, на пример механичари, медицински специјалисти и фризери) се прави поголем притисок на кожата, што може да доведе до поголема сувост.
  • Лекарства: како несакан ефект, некои лекарства доведуваат до сувост на кожата.

Рацете (особено зглобовите и заноктиците) и стапалата (особено петите) се склони кон исклучително сува и распукана кожа.

Распукана кожа на рацете и прстите

Градбата на кожата на рацете ги прави помалку способни да задржат влага и тие се посклони на извонредна сувост во однос на другите делови на телото.

Рацете ни се речиси постојано изложени на промените во околната средина и температура. Тие се често во контакт со вода и измивачки производи. Секојдневното миење, работата без ракавици, ја сушат кожата на рацете, а некои професии вклучуваат триење и/или постојан контакт со агресивни хемикалии, коишто дополнително ја влошуваат состојбата на кожата.

Кога кожата ќе се исуши, уште потешко е да ја задржи влагата којашто ѝ е потребна. Тоа дополнително ја суши и распукува. Симптомите варираат по тежина од мали делови распукана кожа околу заноктиците на прстите до поголеми делови распукана кожа на прстите, палците, зглобовите. Кожата има потреба од SOS нега.

Постојано сувата, перутава, воспалена, со јадеж и надразнета кожа на рацете може да биде симптом на егзема на рацете или контактен дерматитис.

Распукана кожа на стапалата

Нашите стапала се под постојан притисок. Независно дали одиме, трчаме или едноставно стоимеподолго време, тие ја носат тежината на телото.

Епидермисот (најповршинскиот слој на кожата) на петите на стапалатанормално е подебел и потврд. Кожата на нашите стапала нема и масни жлезди, пае особено склона на сушење.

Освен тоа,стапалата често се подложни на притисок и триење, предизвикани од тврди површини или несоодветни обувки. Ваквите оптеретувања можат да предизвикаат по-натамошно исушување на стапалата, особено во областа на петите. Кожата се задебелува и растега и во краен случај се раскинува. Распуканите пети се често среќаванапоплака и акого оставиме настрана здравјето на кожата, тие можат да бидат неубави на изглед и да создаваат непријатност.

Како можам да ја негувам кожата на рацете, прстите и стапалата?

Редовната негана кожата на рацете, прстите и стапалата ќе ви помогне да ја заштитите кожата од исушување и распукување. Еве некои совети како да ја негувате кожата на тие често среќавани проблематични делови:

  • Носете заштитни ракавици на рацете ако работите со хемикалии.
  • Измивајте ги рацете сомлака вода (многу топла или премногу ладна вода може да ја влоши состојбата на кожата).
  • Избегнувајте агресивни производи за миење (место тоа користете производи коишто имаат pH соодветна на pH на кожата).
  • Редовно хидрирајте: чувајте производ за нега како Eucerin Aquaphor Заштитен мевлем за оштетена кожа во близина на секое место каде што ги миете рацете (дома или на работното место). Eucerin Aquaphor Заштитниот мевлем за оштетена кожа е достапен во две пакувања, со цел лесно да ги задоволи потребите на вашата кожа од SOS нега.
  • Редовно омекнувајте ги заноктиците со хидратантно средство (за да го избегнете нивното разранување) и внимателно избуткувајте ги назад.

EucerinAquaphor Заштитен мевлем за повредена кожа е достапен во две пакувања: 45 мл и 220 мл

220 мл
45 мл
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време