Ја открила тајната на убавите нозе без целулит: Некогашниот светски супермодел проверено знае!

Од прва рака!

Ел од 2017 година е на алкална диета, но диетата не е единствената алатка што ја користи за нозете да и’ изгледаат што подобро

Иако има 55 години, поранешниот супермодел Ел Мекферсон има тело на кое би му позавиделе и многу 20-годишнички. Ел во колумната за Get the Gloss ја открила тајната на прекрасните долги и вити нозе.

Таа нагласила дека за нејзините вити нозе заслужни се јогата винјаса, седум или осум часа сон, пиење многу вода, но и редовна посета на инфрацрвена сауна.

https://www.instagram.com/p/BsVYEKNhtMy/?utm_source=ig_embed

„Алкалната исхрана значително влијае врз изгледот на нозете. Претходно јадев шеќер, сол и пченица и тогаш нозете ми беа потешки. Деновиве, мојата исхрана се базира на зеленчук и многу вода, па и формата на моите нозе почна да се менува“, напишала Ел.

Ел е на алкална диета од 2017 година. Но диетата не е единствената алатка што Ел ја користи за нозете да и’ изгледаат што подобро. Кога станува збор за борбата против отеченоста и целулитот, Ел открила дека се бори против задржувањето течности со пиење вода во текот на денот и вежби на отворено. Нејзината омилена поза е лежењето на под и истегнувањето на нозете со помош на ѕид.

https://www.instagram.com/p/BgkIWnnBff_/?utm_source=ig_embed

Освен тоа, Ел често оди во вода, а пилингот за телото под топол или ладен туш е најдоброто средство за отстранување на целулитот.

Може да се заклучи дека правилната исхрана, вежбањето и грижата за телото се клучни за убавите нозе.

„Користам масло за ароматерапија од лаванда и камилица, вежбам јога и често правам магнезиумски бањи за стапалата за да ги освежам уморните нозе“, изјавила Ел.

https://www.instagram.com/p/BnB5xCFHH60/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.