Истражување: Туширање со ладна или топла вода за време на летните горештини?

Тело

Ладните тушеви обично се непријатна појава, но некои луѓе намерно се тушираат со ладна вода.

Како ладниот туш влијае на вашето тело и сонот?

Низ стотици години, ладното капење е начин да се заживее телото. Старите Римјани минувале низ неколку загреани простории пред да се втурнат во ладна бања, а денес тоа е многу поедноставно. Постојат многу наводни придобивки од ладното капење како што се зајакнување на имунитетот, подобрување на општото чувство на виталност, подобрување на циркулацијата на крвта.

Тоа може да направи да се чувствувате побудно

Истражувачите во една постара студија од 2002 година откриле дека изложеноста на студ го активира симпатичкиот нервен систем. Како резултат на тоа, телото ослободува хормони како норепинефрин и кортизол. Норепинефринот конкретно предизвикува реакција во крвните садови на телото дизајнирани да ја прераспределат крвта и да го загреат телото.

Имунолошки систем

За да ја тестираат теоријата дека ладниот туш го зајакнува имунолошкиот систем, истражувачите вклучиле повеќе од 3.000 учесници во четири експериментални групи: една група се туширала само со топол туш, додека три групи се туширале со топол туш и вклучувале млаз ладна вода за 30, 60 или 90 секунди на крајот на туширањето. На крајот од студијата, истражувачите ги мереле факторите како што се пријавената болест и 30-дневното боледување. Откриле дека оние кои ја вклучиле ладната вода за време на туширањето имале 29 отсто помалку боледувања од оние кои се туширале само со топол туш. Интересно е што учесниците не пријавиле дека биле болни помалку денови, само симптомите не им биле толку интензивни, па биле способни да работат, пишува Healthline.

Ги смирува болките во мускулите после вежбање

Професионалните спортисти долго време користат ледени бањи за да ги смират болките во мускулите после натпревар. Студија од 2015 година ги проучуваше велосипедистите кои со висок интензитет вежбаат на топли температури. Истражувачите побарале од контролната група да се тушираат 1 до 3 минути. Тие побараа од другата група да го прескокне туширањето. Истражувачите откриле дека оние кои се туширале со студ после вежбање можеле побрзо да го намалат пулсот и да се чувствуваат поудобно, во споредба со оние кои не се туширале со ладна вода.

Туширање со топла вода во лето

Сепак, се смета дека при високи температури е подобро да се туширате со топла вода. Топлото чувство на кожата ќе доведе до зголемен проток на крв во кожата, зголемувајќи ја загубата на топлината од телото. Затоа, ладењето во лето ќе биде поефикасно со топол туш.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.