Испробајте маникир со летни мотиви!
Кога мотивите од најжешката сезона ќе се преселат на ноктите, се создаваат вистински ремек-дела! Доказот е пред вас …
Летото е време на впечатливи и смели бои, но исто така и разигран дизајн на ноктите. Предлагаме да го „зачините“ вашиот маникир со морски мотиви, што дефинитивно нема да остане незабележано – и во градот и на плажата. За маникир со летни мотиви, покрај омилените нијанси на лакови и налепници за нокти, ќе ви треба и мирна рака и инспирација. Но, не грижете се – сигурни сме дека некои од нашите предлози ќе ве инспирираат!
Идеи за маникир со летни мотиви
Море
Вода, бранови, школки … На прв поглед кон вашите нокти, ќе се најдете на плажа и ќе го исполните сонот за вечно лето!
View this post on Instagram
Палми
Не можеме да ги одделиме од морето и плажата и затоа не можеме да ја замислиме оваа приказна без нив. Без разлика дали ќе ги помешате со само една нијанса на лак или ќе се одлучите за мешавина од бои – нема да погрешите.
View this post on Instagram
Риби
Тука ќе ставиме знак на еднаквост и ќе напишеме НЕОДОЛИВИ, затоа што едноставно не можеме да ги тргнеме погледите од нив!
View this post on Instagram
Овошје
Летото е незамисливо без сочни плодови, затоа ви предлагаме да ја „засладите“ својата маникир-авантура со различни плодови.
View this post on Instagram
Линии
Добро, ги сакате на маици, панталони, еспадрили, чанти и сигурни сме дека ќе ги сакате и на вашите нокти. Хоризонтално или вертикално – не е важно!
View this post on Instagram
Прочитајте и: Што треба да знаете пред да одите на гел-лак за прв пат?
ФОТО: Instagram