Имате слаби и кршливи нокти? Докторите откриваат како правилно да ги излечите

Нега на нокти

Придружувајте се до овие инструкции и брзо ќе ја забележите разликата.

Доколку ве мачи проблемот со слабите и кршливи нокти, треба повеќе да внимавате на исхраната и внесувањето на одредени хранливи материи. Важно е да пиете доволно вода и да јадете многу протеини, овошје и зеленчук. Кога станува збор за витамини и минерали кои се особено важни за убави и цврсти нокти, тоа се прво витамини од Б-комплексот (особено биотин), потоа железо, калциум, цинк и селен.

Исто така, за да спречите лупење на ноктите и да поттикнете да растат побрзо, редовно нанесувајте хидратантен крем за да избегнете сушење на ноктите и кожата околу нив. Ова е особено важно ако вашите нокти се во вода подолго време, без разлика дали се занимавате со спортови на вода, ако постојано ги мокрите рацете поради домашните обврски или едноставно често ги миете рацете. Потрудете се секогаш добро да ги бришете рацете со крпа, а кога е можно, заштитете ја кожата на рацете со гумени ракавици.

Негувајте ја кожата околу ноктите со растителни масла и за време на нанесувањето секогаш нежно масирајте ја областа околу ноктите – на овој начин ќе ја поттикнете циркулацијата, при што како резултат ноктите ќе бидат поздрави и побрзо ќе растат.

Избегнувајте употреба на силни средства за отстранување на лак, и секогаш мијте ги и исушете ги рацете темелно откако ќе го отстраните лакот, па нанесете хранлив крем за нега.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.