Играјте си со боите: 10 идеи како да го освежите „голиот“ маникир

Тренд

Идеи што се идеални за жени кои сакаат промена, но му се лојални на класичниот израз.

Nude е несомнено класичен избор, бидејќи е одличен за секое случување во животот и совршено оди во широкиот избор на дневни комбинации. Меѓутоа, ако сакате малку да експериментирате, но и понатаму се плашите да направите големо отстапување од својот омилен nude маникир, еве неколку совети како да го диверзифицирате вашиот изглед.

Прво, класичниот изглед не значи секогаш само малку боја на ноктите. Неколку мали каменчиња или бисери на nude основата ќе додаде софистицираност и ќе го истакне вашиот маникир. Во наредната сезона ваквиот дизајн ќе биде прилично популарен.

Друго, мораме да запамтиме дека дизајнот може да помогне во решавањето на некои проблеми: визуелно ги продолжува прстите или дава природна боја на ноктите. Во тоа посебно е добро да ги искомбинирате nude колоритот со облик на бадем. Одлично ќе изгледа ако ваквиот дизајн го зачините и со малку црна боја, на врвовите: готичките елементи ќе бидат популарни оваа есен.

Трето, не заборавајте дека дури и неутралната палета на бои може да ви ги направи интересни ноктите. Така, на пример, можете да се обидете да ги обоите ноктите со „гола“ нијанса, почнувајќи од прилично темни на малите прсти, па завршувајќи со светли тонови на палецот.

Идеи за освежување на nude маникир

Игра со линии

Остајте во вашиот омилен nude колорит, но играјте со линиите и графичките елементи.

Бисери и циркони

Малку украси нема да го расипаат маникирот, напротив.

Игра со бои

Овој маникир припаѓа во категоријата „направи го сам“. Разиграно и разнолико, а и понатаму е во вашите омилени неутрални бои.

Црн френч

Малку црна боја им дава на вашиот френч доза острина и елеганција.

Есенски мотиви

Вистинско време е да на вашит маникир да додадете есенски акценти: што низ боите, што низ обликот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.