И ова го доживеавме: Крем за задник лансиран од Џеј Ло

Тело

Џенифер Лопез лансираше крема за задникот и со тоа поттикна бројни прашања. Ние се обидовме да одговориме на некои од нив.

Како што на прво место исплива трендот на природна убавина и облини, така задникот се повеќе е на ставен на цена. Раскошната позадина, како популарен феномен, ни го донесе Џенифер Лопез, бидејќи измеѓу останатото, всушност задникот е нејзин заштитен знак.

Џенифер лансираше крем за задник

Покрај бројните таленти, како што е пеењето, играњето и глумата, Џенифер како и нејзините бројно познати колешки, стана и сопственичка на бјути брендот. И без сомнеж, J. Lo Beauty стана еден од најпродаваните брендови за убавина во светот.

Сегам, Џен одлучи да оди чекор напред, го извади кремот за задникот. Нејзиниот тим околу година дена работеше на формулата, а во производите измеѓу останатото се наоѓа и екстракт од семињата од растението гуарана. Целта од овој крем е за повеќе намени: затегнување на задникот, намалување на струкот, подобрување на микроциркулацијата и намалување на целулитот.

„Не е тајна дека верува да нашето тело е наш храм кој не води низ различни периоди во животот и за нас прави многу убави работи. Сепак, ние го запоставуваме. Целта ми е да создадам производ кој ќе ги намали сите наши произвои со кои се соочуваме“, изјави Џенифер и додаде дека овој крем може да се користи и на други делови од телото.

„Јас лично ја користам и за задникот, но и за бутовите, стомакот, па дури и на рацете“, потенцира пејачката.

Инаку, Џен овој крем го лансираше на 53. роденден.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.