Хит маникир за лето 2020: Оваа форма на нокти е тотален АУТ!

Време е за женственост

Маникирката на холивудските дами открива…

Луси Такер можеби не е препознатливо име, но нејзините дела постојано се присутни на црвениот тепих и на најексклузивните настани во Холивуд, а ги обожаваат и славните личности како Џесика Бил, Селена Гомез, Лејди Гага и Џулиен Мур.

Луси е една од најпознатите маникирки, на која лојални клиенти ѝ се бројни големи имиња од светската сцена, па затоа скромно е да се каже дека таа ги поставува трендовите што сигурно ќе ги носиме.

Еве кои нијанси и форми на нокти ќе се носат ова лето, а ви нудиме и совети благодарение на кои, вашиот маникир ќе изгледа совршено…

Летни нијанси

Ова лето сите ќе носиме неонски бои, но на малку необичен начин, советува Луси.

„Еден од најголемите трендови во кој навистина ќе уживаме ова лето се неонските детали. Летото е идеално за интензивни бои, а многу брендови сезонава лансираат прекрасни неонски нијанси“, открива маникирката.

Трендот што досега можевме да го видиме, летово доаѓа со мала промена и не вклучува лакирање на целиот нокт. Неонското омбре се нанесува само на врвот на ноктите, а уште подобар ефект дава мат финишот.

Должината на нокти што ќе ја носиме ова лето

Со задоволство носевме долги и шилести нокти, бидејќи поради нив нашите нокти и раце изгледаа уште поелегантно. Меѓутоа, ова лето, нивната должина ќе биде значително пократка.

Поради коронавирусот, клиентките масовно ги отстрануваа своите продолжени акрилни или гелирани нокти. Верувам дека жените многу брзо ќе се навлечат на кратките нокти и веројатно нема да посакаат да им се вратат на долгите уште некое време“, смета Луси.

Форма на нокти за врелите денови – оваа е тотален аут

Изгледа дека ова лето храброто обликување нокти во шилеста форма е тотален аут. Изборот на форма на нокти зависи од личниот вкус и стил, но сепак, треба да се земе предвид и анатомијата на прстите и рацете. Добро обликуваниот нокт ќе ѝ даде уште поубав изглед на раката, а оние што ги следат трендовите ќе се одлучат за безвременската, елипсовидна форма, советува Луси.

Нокти во нијанси на кафе: Главен тренд за маникир оваа пролет
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време